Uncategorized
Околу 16 милиони интравенозни корисници на дрога
Речиси 16 милиони луѓе во светотсе интравенозни корисници на дрога, од кои три милиони се серопозитивни, сенаведува во научна анализа објавена денеска во онлајн изданието „Ланцета“.
Речиси 16 милиони луѓе во светотсе интравенозни корисници на дрога, од кои три милиони се серопозитивни, сенаведува во научна анализа објавена денеска во онлајн изданието „Ланцета“.
Податоцитеза бројот на луѓето кои дрогата ја примаат интравенозно се добиени од 61 земја,што претставува 77 отсто од светското население на возраст од 15 до 64 години.Постојат малку податоци за Африка и Латинска Америка.
Вкупно16,9 милиони лица дрогата ја земаат со вбризгување, а три милиони од нив сесеропoзитивни на Хив вирус.
Најголемброј луѓе кои дрогата ја употребуваат на таков начин има во Кина или околу 2,3милиони, потоа во САД 1,9 милиони и1,8 милиони зависници во Русија.
Експертитенагласуваат дека вбризгувањето на дрогата е доминантен начин за заразување соХив вирус. Оценката на експертите е дека не се вложува доволно во борбатапротив таквата појава во светот.
/крај/хи/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.