Uncategorized
Киднаперите бараат 6 млн. евра за ослободување на туристите
Киднаперите на 11-те европски туристи и осумте Египќани, кои беакиднапирани во Египет и однесени во Судан, бараат Германија да исплатиоткупнина од шест милиони евра за нивно ослободување, соопштија египетскитеслужби за безбеднос
Киднаперите на 11-те европски туристи и осумте Египќани, кои беакиднапирани во Египет и однесени во Судан, бараат Германија да исплатиоткупнина од шест милиони евра за нивно ослободување, соопштија египетскитеслужби за безбедност.
„Киднаперите бараат германската влада да биде единствено одговорна заисплата на откупнина во висина од шест милиони евра за ослободување назаложниците“, изјави неименуван претставник на египетските служби.
Овааинформација, која што други извори не можат да ја потврдат, е добиена откакошест дена немаше никаков напредок во преговорите. Групата туристи бешенападната и киднапирана на 19. септември на јужната египетска граница вообласта на пустината. Туристите, кои биле на сафари излет со џипови, насилнобиле однесени во Судан. Меѓу туристите има пет Германци, пет Италијанци и еденРоманец.
/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.