Uncategorized
Парламентарни избори во Австрија, националистите со големи шанси
Околу 6, 33 милиони Австријци со право на глас, денеска на 20.парламентарни избори, го бираат новиот собраниски состав и канцелар, кој за првпат ќе има мандат од пет години.
Околу 6, 33 милиони Австријци со право на глас, денеска на 20.парламентарни избори, го бираат новиот собраниски состав и канцелар, кој за првпат ќе има мандат од пет години.
Аналитичаритенајавуваат дека на овие избори се можни големи изненадувања и превласт нанационалистите, што го потврдија и резултатите од анкетите, според кои владеачкитепартии на социјалдемократите и народњаците имаат подршка од само 30 проценти одгласачите.
За разлика одвладејачката коалиција, голема е поддршката за екстремнодесните антимиграцискипартии – Слободарска партија и Движење за иднината на Астрија, чии што лидерина митинзите не ја криеја нетрпеливоста кон странците и азилантите.
Шанса на овиеизбори имаат десетина партии, од кои пет се помали и не е сигурно дека ќеобезбедат место во Парламентот. /крај/хн/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.