Uncategorized
Можност Владата да ги презема сопственичките удели во банките во САД
Американското Министерство за финансии ја разгледува можноста запреземање на сопственичките удели во повеќе американски банки, во обид да гообнови финансискиот систем.
Американското Министерство за финансии ја разгледува можноста запреземање на сопственичките удели во повеќе американски банки, во обид да гообнови финансискиот систем.
Како што синоќа јави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на изјави одадминистрацијата, функционерите од Министерството за финансии наведуваат деказаконот за санација на финансискиот систем, вреден 700 милијарди долари, имдава можност директно да префрлаат готовина на банките кои тоа ќе го побараат.Таквиот чекор брзо би ги зајакнал билансите на банките и ќе ги убеди дапродолжат да даваат кредити.
Во замена законот му овозможува на Министерството за финансии да ги преземесопственичките удели во банките, а не само нивните лоши долгови, што е примарнанамена на планот на санацијата.
Планот на Министерството за финансии сè уште е во фаза на подготовка и не е јасно како оваа постапка би сеспроведувала, но по изглед за банките таа би била на доброволна основа.
Американскиот план за докапитализација на банките, се појави како една однајповолните опции за кои се расправа на Вол Стрит и Вашингтон.
Американскиот план е сличен на оној што во средата го објави британската Влада,најавувајќи докапитализација на Банката на Шкотска, Барклис и ХСБЦ со сума од87 милијарди долари, како и давање гаранции на банките за рефинансирање надолговите во вредност до 430 милијарди долари, додава Њујорк Тајмс.
/крај/хн/ст
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.