Uncategorized
Буш: Потребен е координиран одговор за финансиската криза
Американскиотпретседател Џорџ Буш оцени денеска дека ќе биде потребен координиран одговор наглобално ниво за да може светот да се соочи со финансиската криза.
Американскиотпретседател Џорџ Буш оцени денеска дека ќе биде потребен координиран одговор наглобално ниво за да може светот да се соочи со финансиската криза.
Според него, водечките индустрискиземји ќе работат заедно за да го решат проблемот што е можно побрзо.
„Сите ние согледуваме дека се работиза сериозна глобална криза која бара сериозен глобален одговор“, изјави Бушпред новинарите по средбата со претставници на Групата седум најразвиени земји(Г7 – САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Јапонија)во Вашингтон.
На состанокот присуствуваа ипретседателот на Светска банка и генералниот директор на Меѓународниотмонетарен фонд.
Буш истакна дека САД ќе ги употребатсите средства со кои располагаат, но истовремено предупреди дека треба дапомине време за да се реши кредитната криза.
Американскиот претседател ги повиказемјите членки на Г7 да продолжат со заедничка работа и да ги координираатодговорите, со цел да помогнат да се деблокираат замрзнатите кредитни пазари и гооцени како добар пример заедничкото намалување на каматните стапки овааседмица.
/крај/бе/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.