Uncategorized
Британската влада ги спасува најголемите банки
Британската влададенеска треба да ја започне најголемата акцијата за спасување на банките, когачетирите најголеми комерцијални банки – ХБОС, Ројал Банк оф Скотланд, Лојдс ТСБи Барклис – и официјално ќе побараат помош во износ од 35 милијарди фунти.
Британската влададенеска треба да ја започне најголемата акцијата за спасување на банките, когачетирите најголеми комерцијални банки – ХБОС, Ројал Банк оф Скотланд, Лојдс ТСБи Барклис – и официјално ќе побараат помош во износ од 35 милијарди фунти.
По овој досега незабележан потег британската владаќе стане најголемиот акционер во барем две банки – ХБОС и Ројал Банк офСкотланд, објави Сандеј тајмс
Весникот пишува дека Ројал Банк оф Скотланд, чијапазарна вредност падна под 12 милијарди фунти, побарала од владата 15 милијардифунти готовина.
ХБОС, најголемиот британски хипотекарни кредитор,побарал 10 милијарди фунти, на Лојдс ТСБ, кој е во процес на преземање на ХБОСза да го спаси од пропаѓање, и се потребни 7 милијарди, а на Барклис 3милијарди фунти.
Британскиот министeр за финансии Алистер Дарлинг, рече дека владата ќе објави повеќе детали запланот за спасување на британските банки, вреден 400 милијарди фунти, на почетокотна неделата./крај/хн/ил
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
(Видео) Гори дел од касарна, голем пожар во Србија
Во делот од касарната лоциран во близина на болницата ВМА, во Бањица денеска во попладневните часови имало пожар.
View this post on Instagram
Како што се гледа на видеото кое е објавено на социјалната мрежа Инстаграм, во тој дел од градот се шири густ чад.
На терен се 12 пожарникари и четири противпожарни возила.
Uncategorized
Општина Аеродром доделува мали грантови за управување со отпад
Општина Аеродром објавува повик за доделување мали грантови за граѓанските организации на тема „Зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад од пакување“.
Целта на повикот е да се променат навиките на локалното население за селектирање отпад од пакувања во своите домаќинства и да се научат на правилна селекција на отпадот, пред сè, пластика и лименки.
Вкупниот износ на финансиските средства за грантот изнесува 25.000 евра обезбедени преку проектот финансиран од Европската Унија „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“.
Минималната вкупна сума што може да ја добие една граѓанска организација е 2.500 евра, додека максималниот износ по грант изнесува 5.000 евра во денарска противвредност.
Јавниот повик е отворен за граѓански организации што се формално регистрирани на територијата на Град Скопје најмалку 2 (две) години пред објавата на овој повик.
Предност ќе имаат оние организации што во својата мисија и статут имаат заложби за зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад и кои во својот фокус ги имаат младите.
Проектите може да бидат со времетраење од 3 месеци, односно да се спроведат во периодот од ноември 2024 година до јануари 2025 година.
Предлог-проектите мора да се спроведуваат исклучиво на територијата на Општина Аеродром.
Рокот за поднесување на предлог-проектите е до 16.10.2024 година, најдоцна до 15:00 часот во Архивата на Општина Аеродром (соба број 7 на први кат) или електронски преку е-адресата [email protected]. Подетални информации за повикот може да се добијат на телефонскиот број 075/572-830.
Документацијата за поднесување на предлог-проектите може да се преземе на следниов линк.
Uncategorized
(Видео) Руска вселенска капсула слета на Земјата, поставен нов рекорд: астронаутите поминале 374 дена во вселената
Руската вселенска капсула „Сојуз МС-25“ слета денеска во степите на Казахстан со двајца руски и еден американски астронаут, кои престојуваа на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Капсулата „Сојуз“ со космонаутите на „Роскосмос“, Николај Чуб и Олег Кононенко, и астронаутот на НАСА, Трејси Дајсон, слета на Земјата во 11.59 часот по локално време, јавува „Ројтерс“.
Кононенко и Чаб заминаа кон вселенската станица на 15 септември 2023 година и во петокот го поставија рекордот за најдолга континуирана мисија на ISS поминувајќи вкупно 374 дена во вселената.
Welcome home!
The Soyuz MS-25 spacecraft, with NASA astronaut Tracy C. Dyson and cosmonauts Nikolai Chub and Oleg Kononenko aboard, landed in Kazakhstan at 7:59am ET today. More… https://t.co/RYIAX6voqf pic.twitter.com/HCAewHyjik
— International Space Station (@Space_Station) September 23, 2024