Uncategorized
Сенатот го потврди Робертс за претседател на Врховниот суд

Сенатот со големо мнозинство ја потврди синоќа кандидатурата на конзервативецот Џон Робертс за нов претседател на американскиот Врховен суд.
Сенатот со големо мнозинство ја потврди синоќа кандидатурата на конзервативецот Џон Робертс за нов претседател на американскиот Врховен суд.
Исходот од гласањето – 78 “за“ и 22 “против“ е резултат на едногласната поддршка што му ја изразија републиканците, кои се мнозинство во Сенатот, но и на многу демократи,
Робертс стапува на должноста со положување заклетва во Белата куќа пред американскиот претседател Џорџ Буш, кој воедно и го кандидираше за функцијата.
Врховниот суд е најважната судска инстанца во САД, која со своите одлуки битно влијае на политичкиот и социјалниот живот на земјата.
Под претседателство на Робертс, Судот ќе се занимава со неколку важни прашања од политичкиот и социјалниот живот, како што се абортусот, браковите од ист пол, улогата на религијата во јавниот живот, правата на малцинствата и борбата против тероризмот.
Џон Робертс, кој на челната функција во Врховниот суд го наследува неодамна починатиот Вилијам Ренквист, со своите 50 години е најмлад главен судија во САД во последните 200 години./крај/х/ег/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври – Светскиот ден на храната

Под мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина“, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот кој го организараше Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври- Светскиот ден на храната.
Во рамки на настанот кој во организација на ФАО се одржа во скопскиот Градски парк, а беше посветен и на одбележувањето на осумдесет годишнината од основањето на ООН и ФАО, претставници на АХВ на граѓаните им подели едукативен материјал со совети за безбедна храна – флаери, лифлети и торбички.
ФАО во рамки на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање на мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа, низ владите, организациите, секторите и заедниците, активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување на услови, секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана, живеејќи во хармонија со планетата.
Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната,истакнувајќи го ставот дека граѓаните во државава јадат безбедна храна. АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната во земјава, од домашно производство и од увоз водејќи сметка таа редовно да се контролира во рамки на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг програми кои се спроведуваат во АХВ чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна.
Uncategorized
Турција: Нашата дипломатија го спречи доаѓањето на Нетанјаху на самитот во Египет

Турската влада соопшти дека Анкара одиграла клучна улога во спречувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да присуствува на самитот за Газа во Египет.
„По иницијатива на претседателот Реџеп Таип Ердоган и благодарение на турските дипломатски напори, Нетанјаху нема да учествува на состанокот“, изјавил владин претставник за германската агенција „ДПА“.
Израел пак тврди дека Нетанјаху не отпатувал поради еврејскиот празник Симхат Тора, иако претходно беше најавено негово присуство.
Самитот во Шарм ел-Шеик го предводи американскиот претседател Доналд Трамп, а учествуваат најмалку 20 светски лидери.
Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.