Uncategorized
Економската криза тема на ТВ дуелот меѓу Обама и Мекејн
Економската кризаво САД доминираше на почетокот од третата и последна претседателска дебата меѓусенаторите Џон Мекејн и Барак Обама.
Економската кризаво САД доминираше на почетокот од третата и последна претседателска дебата меѓусенаторите Џон Мекејн и Барак Обама.
Како главни виновници за кризата,според Мекејн, се алчноста и претерувањето од страна на Вол Стрит и Вашингтон.
Обама пак се согласи декафинансиската криза е најголема од времето на Големата депресија, и призна дека„не видел план кој ќе и помогне на средната класа Американци“.
Американската економска криза мупомогна на демократот Обама да се издвои пред неговиот републикански ривалМекејн во анкетите на национално ниво, како и во сојузните држави каде сеочекува тесна трка.
Последниот ТВ-дуел им даде шанса наобајцата кандидати да ја придобијат довербата од неопределените и независнигласачи.
Најновата анкета на Њујорк Тајмс иСи-Би-Ес Њуз покажа дека Обама води пред сенаторот од Аризона со 53 спрема 49проценти. Друго испитување на јавното мислење во средата од заедничката анкетана Ројтерс, Зогби и Си-Спен покажа дека Обама води пред Мекејн со 4 проценти нанационално ниво
. /крај/воа/мс
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.