Uncategorized
Воени вежби на иранските воздухопловни сили
Иранскитевоздухопловни сили започнаа воени вежби недалеку од северозападната граница соТурција, пренесе синоќа иранската државна телевизија.
Иранскитевоздухопловни сили започнаа воени вежби недалеку од северозападната граница соТурција, пренесе синоќа иранската државна телевизија.
Според медиумскиот извештај, во операцијата учествуваат борбени авиони,меѓу кои и американските модели Ф-4, Ф-5 и Ф-14, како и руските авиони од типот“сухој“.
Во вежбите во северозападниот град Табриз учествуваат и домашни борбениавиони, наречени “саегех“ или “осветлување“.
Целта на вежбата е, како што пренесе телевизијата, подобрување на иранскитеодбранбени капацитети, подигнување на моралот на војската, како и демонстрацијана моќ на воздухопловните сили на Иран.
Иран, од војната со Ирак во 1980-те, развива програма на вооружување за даможе да ги компензира последиците од американското ембарго на оружје.
/крај/бе/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, бездоговор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.