Uncategorized
ОН: Жените треба да се охрабруваат во борбта против сидата
Жените мораат повеќе да се вклучат во борбатапротив ХИВ и сидата, а мажите мора да се охрабрат повеќе да ги почитуваатправата на жените.
Жените мораат повеќе да се вклучат во борбатапротив ХИВ и сидата, а мажите мора да се охрабрат повеќе да ги почитуваатправата на жените.
Оваденеска го посочи специјалната претставничка на Обединетите нации (ОН) заборбата против ХИВ/сида, Нафис Садик.
Таа,на конференција во Пекинг посветена на борбата против сиромаштијата, укажа деканедостатокот на почит кон жените придонесува за ширење на ХИВ вирусот,пренесуваат агенциите.
„Целоснатадискриминација и насилството доведува до ширење на епидемиите на ХИВ и сида меѓужените. Зголемувањето на самопочитувањето меѓу жените, како и покажувањето нанивото на знаење и начин на заштита ќе биде од пресудна важност во добивањетона оваа битка“, истакна Садик.
Спореднеа „жените патат двојно – прво, од самите ХИВ и сида, а второ – од срамот“.
Садикукажа дека денеска во Кина жените сочинуваат третина од заразените со ХИВвирус, додека во 1995 година со вирусот била заразена секоја десетта жена.
ВоКина околу 700 илјади луѓе се заразени со ХИВ.
Сепроценува дека со вирусот, што го напаѓа имунолошкиот систем, во светот сезаразени околу 33 милиони луѓе, половина од нив се жени, а болеста убива околудва милиони луѓе годишно.
Претставницина ОН, на конференција што се одржа во август во Мексико, предупредија декапокажувањето на цените на храната ширум светот може да влијае на тоа,сиромашните жени да продаваат сексуални услуги за да можат да се снабдат соосновни животни намирници, со што би се зголемил ризикот за ширење наинфекциите.
/крај/онаса/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

