Uncategorized
Силен раст на акциите на Волт Стрит
Водечките индекси на Њујоршкатаберза синоќа остварија силен пораст, благодарение на падот на каматите намеѓубанкарскиот пазар и најавата за нов пакет даночни мерки.
Водечките индекси на Њујоршкатаберза синоќа остварија силен пораст, благодарение на падот на каматите намеѓубанкарскиот пазар и најавата за нов пакет даночни мерки.
Општиот индекс „Дау Џонс“ забележа пораст од 4,67отсто, „Стандард и Пурс“ порасна за 4,77 отсто, додека „Насдак“ се зголеми за3,43 отсто.
Инвеститорите најмногу ги израдува падот на клучнатакаматна стапка „Либор“ за 0,69 отсто на 4,06 отсто.
Поволен тренд на берзата предизвика и падот на камататаза инстант кредити за цели 1,5 отсто.
Позитивно на пазарот делуваше и најавата наамериканските Федерални резерви за нов даночен пакет за поттикнување настопанството.
Се очекува позитивниот тренд од берзите на ВолтСтрит да се пренесе и на европските берзи
/крај/х/ап/
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.