Uncategorized
Меркел забрани објавување на нејзините фотографии снимени од „Штази“
Претседателот на германските христијано-демократи Ангела Меркел забрани објавување на нејзина фотографија снимена од поранешната источногерманска тајна служба „Штази“.
Претседателот на германските христијано-демократи Ангела Меркел забрани објавување на нејзина фотографија снимена од поранешната источногерманска тајна служба „Штази“.
Ова го објави германскиот неделник „Шпигел“ во најновиот број, известувајќи за забраната која успеала од судот да ја издејствува Меркел.
Снимката требало да биде објавена во документарниот филм на една регионална телевизија (МДР), под наслов „Под погледот на власта-снимките на Штази“.
На снимката се наоѓала Меркел во посета на домот на сопружниците Роберт и Катја Хавеман. Меркел при издејствување на забраната навела дека има право да си го заштити приватниот живот./крај/б/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.