Uncategorized
Пејлин пред нова истрага во Аљаска
Кандидатот запотпретседател на републиканците, Сара Пејлин треба да даде изјава во вторатаистрага за нејзината наводна злоупотреба на власта како гувернер на Аљаска.
Кандидатот запотпретседател на републиканците, Сара Пејлин треба да даде изјава во вторатаистрага за нејзината наводна злоупотреба на власта како гувернер на Аљаска.
Пејлин ќе паузираод кампањата за да даде изјава за истрагата која што ја води Одборот заперсонални прашања на Аљаска.
Гувернерката еобвинета за нарушување на етичките правила, со отпуштањето на првиот човек натамошната државна полиција, Волт Монеган, наводно поради тоа што тој одбил даго отпушти нејзиниот поранешен зет, кој бил полицаец.
Адвокатот наПејлин вели дека таа ќе зборува со независниот адвокат кој ја води истрагата.Нејзиниот сопруг Тод исто така ќе даде изјава пред адвокатот. Интервјуата сеочекува да траат неколку часа.
Првичната истрагана законодавната власт во Аљаска, заклучи дека Пејлин имала право да го отпуштиМонеган, но ги прекршила етичките закони со инсистирањето нејзиниот зет да бидеотпуштен.
Портпаролот нарепубликанската кампања рече дека втората истрага ја побарала самата Пејлин соцел да ги претстави фактите за случајот, кој за републиканците е политичкимотивиран.
/крај/ил
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.