Uncategorized
Ливни се откажа од формирање влада
Со овластувања заизраелски премиер Ципи Ливни денеска соопшти дека се откажува од формирањевлада, што најверојатно претставува вовед во предвремени избори.
Со овластувања заизраелски премиер Ципи Ливни денеска соопшти дека се откажува од формирањевлада, што најверојатно претставува вовед во предвремени избори.
Ливни сеобидуваше да состави влада последниот месец, од кога премиерот Ехуд Олмертподнесе оставка поради обвиненијата за корупција, а таа беше избрана за лидерна партијата Кадима, како замена на Олмерт на позицијата премиер.
Партнерите восегашната коалициона влада, која дојде на власт во мај 2006. година, на Ливнипостојано и поставувале нови и поголеми барања.
Во денешнотосоопштение Ливни изјави дека била подготвена на компромиси, но дека некадеморала да повлече црта „поради невозможните барања“ што и биле упатувани.
До следнитеизбори Олмерт повторно се враќа на премиерската функција. Редовните избори воИзраел треба да се одржат во ноември 2010. година, но по денешниот потег наЛивни, се проценува дека до предвремени избори би можело да дојде уште вофевруари следната година.
/крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.