Uncategorized
Медведев именуваше амбасадори во грузиските региони
Рускиот претседател ДмитријМедведев именуваше амбасадори во двете сепаратистички покраини во Грузија коиРусија ги призна на крајот од месец август, соопшти денеска Кремљ.
Рускиот претседател ДмитријМедведев именуваше амбасадори во двете сепаратистички покраини во Грузија коиРусија ги призна на крајот од месец август, соопшти денеска Кремљ.
Во согласност со указот, што го потпиша рускиот претседател, Симеон Григориев еименуван за амбасадор во Абхазија, а Елбрус Каргиев ќе биде амбасадор во ЈужнаОсетија, се наведува во соопштението.
Русијаја призна независноста на двете области на 26. август, по краткиот военконфликт на почетокот на август против Грузија, која што се обиде да ја преземеконтролата над Јужна Осетија. Реакцијата на Тбилиси предизвика негодување кајзападните држави.
Русијаво септември потпиша договор за соработка со Абхазија и Јужна Осетија запоставување воени бази во тие области.
/крај/хи/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува,во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.