Uncategorized
Првото целосно вештачко срце веќе чука
Првото целосно вештачко срце веќе чука во Франција. Тоа е целосноидентично со човечкото и е резултат на 20-годишната упорна работа на екипи однаучници, раководени од хирургот Ален Карпантие.
Првото целосно вештачко срце веќе чука во Франција. Тоа е целосноидентично со човечкото и е резултат на 20-годишната упорна работа на екипи однаучници, раководени од хирургот Ален Карпантие.
Првите тестови на вештачкото срце врз луѓе се очекуваат за две години. Целосновештачко срце е желба на многу научници во светот. Во Азија и САД одамна сеработи на создавање на таков орган.
Во болницата во Париз „Жорж Помпиду“ веќе имаат таква „творба“ која ги обавувасите функции како и физиолошки нормалното човечко срце и го обезбедува истиотритам.
Раководител напроектот е Ален Карпантие, специјалист за срцеви трансплантации.
„Кога во ординацијата ќе пристигне човек со блокирана срцева работа какорезултат на силен удар, фактот, дека не можеме да му го замениме срцето совештачко, е поразителен за хирургот, кој се стреми да ги врати болните луѓе вонормален живот“, смета професорот Ален Фурние.
Екипата на професорот ги надминала основните проблеми кај вештачкитесрца:инфекциите и формирање на згрутчувања.
Вештачкиот орган е изработен од материјали кои човечкиот организам добро гиприфаќа.
/крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.