Uncategorized
Гадафи: Јакнење на врските со Москва
Јакнење наврските меѓу Москва и Триполи ќе придонесе за “повторно воспоставувањегеополитичка рамнотежа“ во светот.
Јакнење наврските меѓу Москва и Триполи ќе придонесе за “повторно воспоставувањегеополитичка рамнотежа“ во светот.
Ова го изјавилибискиот претседател Моамер Гадафи, кој се наоѓа во прва посета напостсоветска Русија.
Гадафи, посредбите со руските власти меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин,изјави дека очекува јакнење на енергетската соработка меѓу Москва и Триполи.
Теми наразговорите биле и испораките на нови руски системи на противвоздушна одбрана,воздухопловна и морнаричка техника за Либија.
Либија, во 80-те,беше голем купувач на руско оружје, но сега, Русија се соочува со конкуренцијаод бившите советски републики.
И двете држави сеголеми производители на нафта и гас.
Според рускитегласила, Гадафи во разговорите го покренал и прашањето за отворање на рускапоморска база во либиското пристаниште Бенгази, за да се воспостави контратежана американските интереси во регионот.
/крај/ме/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.