Uncategorized
Хјуман Рајтс Воч ги обвини бунтовниците за воени злосторства
Американската организација за заштита на човековите права Хјуман Рајтс Воч ги обвини ирачките бутновници дека вршат воени злосторства бидејќи намерно убиваат цивили.
Американската организација за заштита на човековите права Хјуман Рајтс Воч ги обвини ирачките бутновници дека вршат воени злосторства бидејќи намерно убиваат цивили.
“Нема оправдувања за убиствата на цивили во Ирак, ниту каде било на друго место“, изјави директорката на Одделот за Блискиот Исток и северна Африка на оваа организација Сара Ли Витсон.
Последниот извештај на организацијата, објавен денеска, содржи описи за малтретирања и убиства на цивили во бунтовничките напади. Се опишуваат и убиства на политичари, судии, новинари, претставници на хуманитарни организации, лекари како и оние кои се обвинети за соработка со странски оружени сили./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.