Uncategorized
Потврден датумот за судењето на Садам Хусеин
Судењето на ирачкиот претседател Садам Хусеин по обвинението за воени злосторства ќе почне на 19 октомври годинава, освен ако обвинетиот не го искористи правото да побара одложување.
Судењето на ирачкиот претседател Садам Хусеин по обвинението за воени злосторства ќе почне на 19 октомври годинава, освен ако обвинетиот не го искористи правото да побара одложување.
Ова синоќа во Багдад го соопшти ирачкиот Суд што специјално е формиран за судењето на Хусеин.
Судот напомена дека на Садам Хусеин и седуммина негови соработници ќе им се суди во врска со смртта на 143 Шиити од селото Дујаил, убиени по неуспешниот атентат врз него во 1982 година.
Другите обвинети чии идентитети ирачкиот суд ги објави вчера на својата интернет страна се поранешниот ирачки потпретседател Тах Јасин Рамадан, полубратот на Садам Хусеин, Барзан Ибрахим ал – Хасан, поранешниот шеф на разузнавачката служба Авас Ахмад ал Бандар, и уште четворица поранешни локални лидери на партијата Баас. /крај/х/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.