Uncategorized
Путин и Блер за јакнење на заедничката соработка
Русија и Европската унија (ЕУ), синоќа, договорија мерки што би требало да го олеснат “враќањето на нелегалните имигранти“ во Русија во замена за поблаг визен режим за руските туристи, соопштено е по лондонскиот самит Русија-ЕУ.
Русија и Европската унија (ЕУ), синоќа, договорија мерки што би требало да го олеснат “враќањето на нелегалните имигранти“ во Русија во замена за поблаг визен режим за руските туристи, соопштено е по лондонскиот самит Русија-ЕУ.
“Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Европската комисија (ЕК) Мануел Баросо разговараа за спогодбата за реадмисија“, изјави портпаролот на кабинетот на премиерот Тони Блер.
Шефот на руската држава ветил дека Русија ќе остане “доверлив партнер“ на Европа во врска со долгорочната набавка на нафта и плин. Според него, една третина од европската нафта доаѓа од Русија, додека некои европски земји увезуваат од Русија дури 90 насто од плинот.
Според Блер, Русија и ЕУ делат “силен заеднички интерес“ во борбата против глобалниот тероризам и организираниот криминал./Макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.