Uncategorized
ЦИА нема да ги казни тајните агенти за пропустите
Директорот на ЦИА Портер Гос изјави дека нема да спроведе дисциплински мерки против тајните агенти кои направиле пропусти при предупредувањето на можни напади пред терористичките акции на 11.септември, јавија светските агенции.
Директорот на ЦИА Портер Гос изјави дека нема да спроведе дисциплински мерки против тајните агенти кои направиле пропусти при предупредувањето на можни напади пред терористичките акции на 11.септември, јавија светските агенции.
Според него, пропустите се поради недостаток на средства и на вработени во Агенцијата во текот на 90-те години. Главниот инспектор на ЦИА, во интерен извештај, препорачал дека агентите на Централата одговараат за својата работа на правосудните тела.
Роднините на жртвите на нападите од 11.септември побараа испитување на одговорноста на бившите и сегашни претставници на ЦИА поради нападите врз Њујорк и Вашингтон, вклучително и на бившиот директор на Агенцијата Џорџ Тенет./Макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.