Uncategorized
АИ бара истрага за третманот на илегалци во Италија
Италијанскиот Оддел на меѓународната организација за човекови права Амнести Интернешнл (АИ) побара истрага по повод нехуманиот третман на илегалците кои од Африка пристигаат во таа земја.
Италијанскиот Оддел на меѓународната организација за човекови права Амнести Интернешнл (АИ) побара истрага по повод нехуманиот третман на илегалците кои од Африка пристигаат во таа земја.
Угледниот неделник “Л’Еспрессо”, како што пренесува Макфакс, објави шокантна сторија за кампот за привремен престој на илегалците, на островот Лампедуза, откако нивни новинар под лажен идентитет се инфилтрирал меѓу илегалците и поминал една недела во крајно мизерни услови.
Според извештајот, кампот претставува “вистински пекол” каде се спроведуваат психолошки тортури и физички малтретирања врз илегалците.
Новинарот на “Л’еспрессо” тврди дека силите за безбедност ги понижуваат африканците, ги принудуваат да живеат во деградирачки услови, нехигиена и измет.
Откако ќе пристигнат на островот, ги соблекуваат голи и ги тепаат, муслиманите ги тераат да гледаат порно филмови и повторно ги тепаат доколку одбијат, пишува неделникот.
По осум дена насилство и испрашувања, новинарот бил пуштен од кампот со потврда во која пишува дека мора да ја напушти Италија, “оставајки го слободно да замине во било која европска метропола, коментира весникот ’Корриере дела Сера“./крај/ст/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.