Uncategorized
Пандемијата на птичји грип е само прашање на време
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди денеска дека само прашање на време е кога целиот свет ќе биде зафатен од птичји грип, во истовреме, кога од соседните и блиски земји на Македонија стигнуваат се подраматични вести.
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди денеска дека само прашање на време е кога целиот свет ќе биде зафатен од птичји грип, во истовреме, кога од соседните и блиски земји на Македонија стигнуваат се подраматични вести.
Европската комисија минатата ноќ потврди дека во Романија е регистрирана вирусот H5, забрани целосен увоз на месо од таа земја и работи на испитување дали е присутен и вирусот H5N1, кој е смртоносен за луѓето.
Околу пладне од ЕК е потврдено дека вирусот на птичјиот грип што е регистриран во Турција е смртоносен за луѓе.
“Добивме потврда дека вирусот откриен во Турција, е високо патоген, од типот H5N1“, изјави на конференција за новинари во Брисел, европскиот комесар за здравство Маркос Киприану.
Тој, како што пренесуваат агенциите, потврди дека случаите со заболени птици во Турција се директно поврзани со неодамна откриениот ист тип на вирус во Русија, Монголија и Кина.
Медиумите во Бугарија претпладнето јавија за пронајдени мртви птици од различни видови во околината на Пловдив, кои веднаш биле дадени на испитување. Два три часа подоцна, министерот земјоделство и сточарство изјави дека првите анализи се негативни и оти за Бугарија се уште нема потврда или индикации дека е на листата на земји каде има ваков вирус.
Во околината на Русе пак, каде има две огромни живинарски фарми, компаниите презеле мерки на пуштање на гласна музика за да ги растеруваат птиците преселници, додека 80 отсто од лекарите од општа пракса примиле упатства како да го дијагностицираат вирусот и кои првични мерки да преземат кај евентуално-заболените.
Србија тврди дека ги презела сите превентивни мерки и оти епидемиолозите, како и ветернинарите од поодамна превентивно дејствувале. Сепак, на тамошната државна телевизија се предупредува дека големите фарми и некои погранични места со Романија, но и некои езера во внатрешноста на земјата каде слетуваат птици преселници, преставуваат потенцијално жариште.
Официјална Атина денеска предложи на почетокот на ноември да биде домаќин на средба на министрите за здравство на земјите од Балканот и Црноморскиот регион на која би била утврдена заедничка стратегија за одбрана од птичјиот грип.
“Координацијата е неопходнa, бидејќи Балканот и Црноморскиот регион се влезна порта за птиците – преселници кои можат да го прошират птичјиот грип“ соопшти попладнево во Атина грчкиот министер за здравство Никитас Какламанис, додавајќи оти земјата итно ќе набави големи количества анти вирусни вакцини.
Светската здравствена организација денеска упати драматично предупредување дека пандемијата е безмалку реалност и оти жртвите ќе бидат големи.
“Ако се суди според актуелната состојба, само прашање на време е кога ќе избувне пандемија од птичји грип“, изјави во Сеул генералниот директор на СЗО, Ли Чун Ук.
Тој предупреди дека пандемијата на птичји грип ќе има такви катастрофални последици, што ќе ја засени епидемијата на САРС од пред неколку години.
Од овој тежок акутен респираторен синдром (САРС) што се појави 2002 во Кина и се прошири во светот, беа заразени околу 8.000 луѓе, од кои 744 починаа.
На пандемија на птичји грип на почетокот на неделава предупреди и координаторот на Обединетите нации за птичји грип, Давид Наваро.
Според него, “прашањето не е дали, туку кога светот ќе се соочи со пандемија на птичји грип“. Оваа болест од 2003 година во неколку азиски држави однесе најмалку 65 човечки животи./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

