Uncategorized
Одзивот на гласачите поголем од 65 насто
Најмалку во осум од 18 ирачки покраини одзивот на бирачите бил поголем од 65 насто, а во седум е забележан умерен одзив, поголем од 33 насто, соопштија синоќа ирачки официјални претставници.
Најмалку во осум од 18 ирачки покраини одзивот на бирачите бил поголем од 65 насто, а во седум е забележан умерен одзив, поголем од 33 насто, соопштија синоќа ирачки официјални претставници.
Според прелиминарните резултати, голем број на Сунити гласале против уставот за кој тврдат дека потенцијално може да предизвика граѓанска војна.
Заедницата на сунитските Арапи во Ирак ги бојкотираше јануарските избори, поради што добија мал број на претставници во сегашната Влада и ограничено влијание на Комитетот што работеше на изработка на новиот Устав.
Изборните резултати не се очекуваат во наредните пет дена. За усвојување на уставот е потребно просто мнозинство, но нема да биде усвоен ако го отфрлат две третини бирачи во три покраини.
Ако уставот биде прифатен, ќе го “отвори“ патот за избори во декември за влада со целосен мандат. Парламентот, доколку не биде усвоен уставот, ќе мора да биде распуштен, а новото привремено собрание би било избрано во декември./Крај/фо/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.