Uncategorized
Евреите денеска го празнуваат Сукот
Евреите во целиот свет денеска го прославуваат Сукот, еден од најстарите верски празници што го означува сеќавањето и споменот на нивните талкања.
Евреите во целиот свет денеска го прославуваат Сукот, еден од најстарите верски празници што го означува сеќавањето и споменот на нивните талкања.
Симболот на овој празник е суката, односно колиба што се прави во дворовите, терасите, на покривите на куќите, или, пак, во дворот на синагогата.
Суката евоцира спомен од времето кога Евреите, по ослободувањето од египетското ропство, 40 години скитале низ пустината и живееле под шатори.
Во знак на сеќавање на овој празник, Евреите на Сукот престојуваат во колиби направени од даски, покриени со гранки и лисја и украсени со овошје и цвеќиња.
Овој празник трае седум дена и сите оброци се обавуваат во колибите. Најкарактеристични јадења за овој празник се сармата од зелка или лозов лист и друг зеленчук полнет со месо. /крај/б/ст/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.