Uncategorized
Унгарија подари 77 тенка на ирачката армија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/84ecf311-70b5-4927-b9ad-012708efc02e-4286.jpeg)
Унгарија му подари на Ирак 77 стари тенкови, како дел од програмата за помош за опремување на новата ирачка армија.
Унгарија му подари на Ирак 77 стари тенкови, како дел од програмата за помош за опремување на новата ирачка армија.
Тенковите се од типот Т-72 и тие веќе се испорачани, соопшти Министерството за одбрана во Будимпешта.
Поради безбедносни причини, други детали не се наведуваат. Унгарските стари тенкови за новата ирачка армија, уште лани ги вети унгарскиот премиер Ференц Дјурчани, за време на посетата на Багдад.
Тенковите се произведени по руска лиценца во Чешка и Полска и се просечно стари околу 22 години.
Ирачката армија пред војната со САД имаше стотици тенкови од понова генерација, Т-84, од југословенско производство./крај/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Гаши на средба со амбасадорот на Австралија: Разговарано за билатералните односи меѓу двете земји
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/австралија_2.jpg)
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Даниел Џозеф Емери, амбасадор на Австралија за Република Северна Македонија (со седиште во Белград, Република Србија).
На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, а Гаши го запозна амбасадорот и со чекорите на Северна Македонија во насока на остварување на своите стратешки цели за што во континуитет имаме поддршка од нашите пријателски земји, меѓу кои и Австралија.
Гаши нагласи дека Северна Македонија и Австралија, иако се просторно многу далечни, всушност негуваат мошне блиски и пријателски односи и споделуваат слични вредности, особено во поглед на светскиот мир и демократијата.
Беше посочено дека наредната година се заокружуваат 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји. Тоа, како што беше заклучено, претставува дополнителен поттик за понатамошно продлабочување на соработката и во делот на економијата и инвестициите, особено ако се има предвид дека голем број граѓани по потекло од земјава живеат и работат во Австралија.
Соговорниците ја оценија како позитивна и продуктивна комуникацијата на ниво на парламенти и преку пратеничките групи за соработка, а во однос на мултилатералната соработка беше посебно истакнато партнерството во рамките на НАТО и членството во Обединетите нации.
Uncategorized
Таравари: Објавен тендер за компресорите во хируршките сали, кои не работат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/taravari-2.jpg)
Во моментот се работи и на изнаоѓање решение за дигитализација во здравството, како и за унапредување на дигиталната инфраструктура.
Uncategorized
Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/417400123_1017893746366028_3755524781773534094_n.jpg)
Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека традиционално оваа награда ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.
„Нимиц имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да посвети на барање решение за спорот за името. Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови“, напиша Заев на социјалните мрежи.
Нимиц им порачал да го чуваат и негуваат Преспанскиот договор и целосно да го имплементираат.
Во Атина се одржа Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.