Uncategorized
Бројот на војните се намали за 40 насто
Бројот на оружените судири во светот од завршувањето на Студената војна се намали за 40 насто, покажа истражувањето на Обединетите нации.
Бројот на оружените судири во светот од завршувањето на Студената војна се намали за 40 насто, покажа истражувањето на Обединетите нации.
Масовните убиства поради религиозна и етничка припадност или заради политички убедувања и покрај геноцидот во Руанда и во Сребреница, во периодот од 1988 до 2001 година се намалиле за дури 80 проценти.
Извештајот изработен на барање на Канада, Шведска, Норвешка, Швајцарија и Велика Британија, оценува дека намалувањето на оружените судири во прв ред е резултат на мировните операции на Обединетите нации и низата акции на светската организација за спречување на конфликтите.
Според истражувањето во оружените судири во светот дошло и до значително намалување на бројот на загинатите на боиштата, како и на случаите на кршење на човековите права. Во една војна во 1950 година директно гинеле просечно 37 илјади луѓе, додека во 2202 година тој број изнесува 600 лица.
Единствен облик на насилство што се зголемува е политичкиот тероризам, кој иако во подем, во последните 30 години, предизвикувал смрт на помалку од илјада луѓе годишно.
И покрај значителниот напредок на глобалната безбедност во светот, според ОН, се водат 60 војни, меѓу кои и сериозните судири во Ирак и во областа Дарфур во Судан.
Годините по студената војна ги одбележаа хуманитарни кризи, масовно кршење на човековите права и најсмртоносните терористички дела, се вели во извештајот, додавајќи дека опасноста од избувнување на нови и продолжување на старите војни постои, но нема причини за песимизам.
Завршувањето на студената војна ја елиминираше напнатоста меѓу капитализмот и комунизмот, придонесе Вашингтон и Москва да престанат индиректно да финансираат локални војни и ја релаксираше работата на Обединетите нации. /крај/фо/м
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

