Uncategorized
Скоро една третина од жртвите на земјотресот во Пакистан се деца
Најмалку 17.000 деца смртно настрадале во земјотресот од 8 октомври што го погоди Пакистан, а кај оние кои закрепнале траумите се уште потешки отколку во претходните трагедии, изјавија од УНИЦЕФ.
Најмалку 17.000 деца смртно настрадале во земјотресот од 8 октомври што го погоди Пакистан, а кај оние кои закрепнале траумите се уште потешки отколку во претходните трагедии, изјавија од УНИЦЕФ.
“Според нас, најмалку 17000 деца загинале во училиштата”, посочи во Исламабад Ан Венеман, извршен директор на детскиот фонд на ООН за Азија.
Таа истакна дека децата и младите под 18-годишна возраст се половината од населението во погодените региони, што го објаснува големиот број жртви кај малолетните.
Според најновите податоци земјотресот во северен Пакистан е причина за смртта на повеќе од 55.000 лица, 77 000 се повредени, а 3,3 милиони останале без покрив над главата./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.