Uncategorized
Израел се согласил на европски надзор во Рафах
Израел се согласи на распоредување набљудувачи од Европската унија (ЕУ) на преминот во Рафах, каде е можно преминување од Појасот Газа во Египет, јавија светските агенции, повикувајќи се на неименуван официјален извор.
Израел се согласи на распоредување набљудувачи од Европската унија (ЕУ) на преминот во Рафах, каде е можно преминување од Појасот Газа во Египет, јавија светските агенции, повикувајќи се на неименуван официјален извор.
Решавањето на ова прашање беше во прекин по израелското повлекување од Појасот Газа, во септември, што предизвика критики и од страна на специјалниот претставник на Квартетот (САД, ЕУ, Русија и ООН) за Блискиот исток Џејмс Волфенсон.
“Надзорот, на египетската страна на терминалот, ќе го вршат Египќани и палестинската самоуправа, додека на палестинската, ќе бидат европските набљудувачи кои ќе известуваат за тоа што се случува“, додал неименуван претставник./Макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.