Uncategorized
Останува смртната казна за бугарските лекари
Либија демантираше синоќа дека ќе ја им укине смртната казна на петте бугарски медицински сестри осудени оти, наводно, намерно заразиле со сида околу 400 либиски деца.
Либија демантираше синоќа дека ќе ја им укине смртната казна на петте бугарски медицински сестри осудени оти, наводно, намерно заразиле со сида околу 400 либиски деца.
“Нема закон или предлог на закон за измена на смртната казна, а и во скоро време такво нешто не се предвидува“, изјави анонимен претставник на либиската Влада за агенцијата Ројтерс.
Изјавата е демант на пишувањето на арапскиот весник “Ашарк ал Авсат“, кој во средата објави дека Триполи може да ја укине смртната казна на бугарски медицински сестри, ако се исплати обештетување на семејствата на заразените деца.
Изворот на Ројтерс потврди дека либискиот претседател Моамер ел Гадафи се консултирал со домашни правници за можностите за промени на кривичниот кодекс, но додал дека дебатата по тоа прашање нема каква и да е врска со изречените смртни казни за бугарските медицински сестри./крај/бгнес/ег/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.