Uncategorized
Русите за прв пат го слават Денот на народно единство
Русите денеска го слават Денот на национално единство, што со закон беше воведен лани, а големото мнозинство на граѓани не знае што всушност се слави.
Русите денеска го слават Денот на национално единство, што со закон беше воведен лани, а големото мнозинство на граѓани не знае што всушност се слави.
Во ноември, минатата година, беше укинато празнување на 7.ноември, Октомвриската револуција што од времето на демократските реформи се вика Ден на примирје и согласност, а беше воведе Денот на национално единство на 4.ноември. Овој ден 1612 година, народната војска влезе во Москва и ја ослободи од Полјаците. Во Русија тогаш заврши периодот на нестабилност, што траеше во 16. и почетокот на 17.век, а што Полска го користеше за окупирање.
Сите пратенички групи во долниот дом на Државниот парламент, освен комунистите, го поддржуваат празникот како “симбол на историска мудрост на рускиот народ, симбол на независност, државност и внатрешна стабилност на Русија“./Макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.