Uncategorized
Миронов:Можни се немири слични на француските и во Русија
Русија не треба да ја исклучува можноста од немири, слични на оние во Франција, смета претседателот на Советот на федерацијата Сергеј Миронов.
Русија не треба да ја исклучува можноста од немири, слични на оние во Франција, смета претседателот на Советот на федерацијата Сергеј Миронов.
“Насилствата во Франција може да се прелеат и во другите европски држави, па и во Русија. Треба да не се гледа на тоа кусогледо“, рече Миронов за руските медиуми.
Според него, случувањата во Франција се голема и опасна поука за западните земји, вклучително и за Русија, да се замислат за својата миграциона политика.
“Решението е едно-Русија треба успешно да ги реши демографските проблеми, но не на сметка на имигрантите“, нагласи Миронов.
Од друга страна, градоначалникот на Москва Јуриј Лушков денеска изјави дека нема да дозволи да се случат насилства на улиците на главната руска престолнина, слични на оние во Франција. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.