Uncategorized
Автомобили гореа и во Португалија и во Белгија
Автомобили во текот на минатата ноќ, покрај во Франција, беа палени и во Германија, Белгија , а за прв пат и во Потругалија, јавија денеска агенциите.
Автомобили во текот на минатата ноќ, покрај во Франција, беа палени и во Германија, Белгија , а за прв пат и во Потругалија, јавија денеска агенциите.
Во Португалија се запалени две возила во лисабонското предградие Амадора, населено претежно со сиромашни доселеници од африканско потекло, соопшти полицијата, додавајќи дека за инцидентите се уште собира податоци.
Вкупно 13 автомобили беа запалени ноќеска во Белгија, во шест градови. Белгиските власти тврдат дека се работи за изолирани случаи, кои не се проследени со собирање на луѓе.
Уште 11 автомобили беа опожарени ноќеска во Берлин и Келн, соопштија денеска властите во двата германски града.
Портпарол на полицијата во Берлин нагласил дека “уште е рано да се говори дали инцидентите се поврзани со насилствата во Франција“.
Безредијата во предградијата на повеќе француски градови продолжија и ноќеска, иако министерот за внатрешни работи Никола Саркози изјави дека насилствата полека спласнуваат, откако владата прогласи вонредна состојба и воведе полициски час во погодените подрачја.
Француската полиција соопшти дека ноќеска биле запалени 558 возила и биле приведени 204 лица. /макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.