Uncategorized
Германската тајна служба призна дека следела новинари
Германските политичари од власта и опозицијата денеска остро ја критикуваа Сојузната разузнавачка служба (БНД) кој призна дека во повеќе случаи следела новинари и научници.
Германските политичари од власта и опозицијата денеска остро ја критикуваа Сојузната разузнавачка служба (БНД) кој призна дека во повеќе случаи следела новинари и научници.
Шефот на БНД Аугуст Ханинг синоќа го потврди тврдењата на дневникот “Зидојче цајтунг”, дека во деведесеттите години биле следени новинарот на магазинот “Фокус” Јозеф Хуфелшулте и истражувачот и автор на книга за работата на тајните служби Ерих Шмит-Енбом.Покрај нив БНД ја интересирала и работата на новинар на неделникот “Шпигл”.
“Зидојче цајтунг” за ова има потпишани изјави од соработниците на БНД кои биле задолжени за нивно следење.
Првиот човек на БНД рече дека институцијата со која раководи “како задача нема шпионирање на новинарите”.
Ханинг наведе дека намерата била да се утврди кои се соработниците кои ги оддавале доверливите информации од тајните служби на новинарите, што е нужно за да не биде загрозена работата на БНД:
“Фокус” случајот го нарече “ужасен”, особено поради тоа што новинарите биле следени детално, вклучувајќи го и приватниот живот. Неделникот најави дека ќе преземе правни мерки против БНД./крај/б/ил/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.