Uncategorized
Либија одлучува за бугарските лекари
Врховниот суд на Либија денеска треба да одлучи за судбината на петте бугарски медицински сестри и еден палестински лекар на кои им се заканува смртна казна, бидејќи, наводно, намерно заразиле со вирус на ХИВ околу 400 либиски деца.
Врховниот суд на Либија денеска треба да одлучи за судбината на петте бугарски медицински сестри и еден палестински лекар на кои им се заканува смртна казна, бидејќи, наводно, намерно заразиле со вирус на ХИВ околу 400 либиски деца.
Судот, како што пренесуваат светските агенции, има три можности – да ги потврди смртните пресуди, да закаже ново судење, или пак, да ја одложи одлуката по жалбата на бранителите на странските медицинари.
Ако пресудата против бугарските медицински сестри и палестинскиот лекар бидат потврдени, смртната казна би можеле уште веднаш да биде извршена, јавува Би-Би-Си.
Во очекување на одлуката, Бугарија континуирано во последните месеци контактира со меѓународната заедница, во обид преку неа да издејствува ослободување на своите државјани.
Официјална Софија, неодамна преку шефот на дипломатијата Ивајло Калфин демантираше оти е можно Бугарија да исплати компензација на семејствата на заразените деца или размена на медицинарите со либискиот офицер, осуден за соборувањето на американскиот патнички авион над Локерби, во Шкотска.
Во одбрана на бугарските медицински сестри и палестинскиот лекар застана целата меѓународна заедница, на чело со САД и Европската унија, како и бројни невладини организации и поединци за заштита на човекови права.
Петте бугарски медицински сестри и палестинскиот лекар беа осудени на смртна казна на 6 мај 2004 година по обвинение оти,наводно, намерно заразиле со ХИВ вирус 426 либиски деца во болницата во градот Бенгази. Либиските власти тврдат дека половина од децата се починати, додека, според западни извори, бројката на починати деца е околу 50.
Осудените се наоѓаат во затворот Џудеијда во Бенгази уште од 1998 година, или точно 2,472 дена. /крај/ег/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

