Uncategorized
Украдени 100,000 евра од Фонтана ди Треви
Четворица вработени во фирма што редовно ја чисти славната Фонтана ди Треви во Рим се уапсени под обвинение дека украле 110,000 евра од фонтаната во која илјадници туристи секој ден фрлаат парички за среќа.
Четворица вработени во фирма што редовно ја чисти славната Фонтана ди Треви во Рим се уапсени под обвинение дека украле 110,000 евра од фонтаната во која илјадници туристи секој ден фрлаат парички за среќа.
Уапсените се вработени во фирмата “Сагар“, овластена да ги собира парите од фонтаната, и според договорот, половина од нив да ги дава во добротворни цели на организацијата Каритас.
Истрагата за случајот тргнала токму од Каритас која пријавила дека фирмата секој месец доставува се помалку пари од фонтаната.
Надлежните поставиле скриени теле-камери и ги фатиле на дело четворицата вработени, на возраст меѓу 18 и 50 години.
При апсењето, полицијата во нивниот автомобил пронашла околу 1.500 евра во монети. /крај/ст/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.