Uncategorized
Забранета партијата на Едуард Лимонов
Рускиот Врховен суд денеска ја потврди забраната за работа на радикалната Национална бољшевичка партија која е обвинета за планирање на оружена инвазија врз Казахстан, објавија руските гласила. Оваа радикална партија ја предводи писателот Едуард Лимонов.
Рускиот Врховен суд денеска ја потврди забраната за работа на радикалната Национална бољшевичка партија која е обвинета за планирање на оружена инвазија врз Казахстан, објавија руските гласила. Оваа радикална партија ја предводи писателот Едуард Лимонов.
Врховниот суд, највисоката судска инстанца во Русија, претходно ја отфрли одлуката на понискиот Суд за забрана на работа на оваа партија, чиј амблем го сочинуваат комбинација на нацистичката црвено-бело знаме со срп и чекан. Меѓутоа, Президиумот на Врховниот суд ја промени одлуката и го врати случајот на повторно разгледување, што со денешната одлука е завршено. Според обвинението, во документите на партијата се повикува на создавање националистичка бољшевистичка партија, промена на границите на Русија и инвазија на соседен Казахстан за да се создаде “втора Русија“./Макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.