Uncategorized
Американско-полски разговори за ракетни бази
Соединетите Американски Држави (САД) преговараат со Полска и други европски држави за воспоставување ракетни бази што ќе го штитат континентот од ракети со далечен домет.
Соединетите Американски Држави (САД) преговараат со Полска и други европски држави за воспоставување ракетни бази што ќе го штитат континентот од ракети со далечен домет.
Ова, синоќа, го јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава на неименуван претставник во американското Министерство за одбрана.
Преговорите беа прекинати во 2002 година, но американската Влада сега е многу блиску до донесување одлука, додава истиот извор, прецизирајќи дека “преговорите се водат со повеќе евроспки држави, меѓу кои и Полска“.
Американско-полските преговори прв ги откри полскиот дневник “Газета Виборча“ на 11.септември, а полскиот премиер не ги демантираше написите.
Според весникот, освен со Полска, преговори се водат и со Чешка и Унгарија.
“Првиот дијалог го имавме со Полска бидејќи оваа држава изрази интерес за ова прашање“, додал неименуваниот американски владин претставник.
Локацијата на ракетната база во централна Европа би им овозможила на САД и Европа заштита од ракети со далечен домет лансирани од Блискиот исток или од Северна Африка, наведуваат агенциите./Крај/хи/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.