Uncategorized
ЕК: Новите членки на ЕУ побрзо ќе се развиваат од старите
Комисијата прогнозира дека економскиот растеж во Турција, кандидат за ЕУ, ќе изнесува 5,1 насто во 2007 година, споредбено со пет насто во 2005 година.
Новите членки на Европската унија (ЕУ) ќе уживаат побрз економски развој од старите во периодот 2005-2007 година, меѓутоа, големите буџетски дефицити би можеле да им попречат да се префрлат на Еврото, оценува Европската комисија (ЕК).
Полска, во 2007 година ќе забележи економски раст од 4,5 проценти, по 3,4 насто оваа година и 4,3 насто наредната година, откако во оваа држава ќе почне да се “влева“ помошта на Унијата за поттик на домашната потрошувачка и увозот.
Слични стапки на развој Комисијата очекува и во Чешка, додека во Унгарија експанзијата ќе биде нешто послаба, но над просекот во зоната на Еврото од 1,9 насто во 2006 година и 2,1 насто во 2007 година.
Најголемиот растеж, повеќе од пет насто, ќе имаат трите балтички републики чии буџетски дефицити веќе се под три насто од Бруто општествениот производ (БДП) и кои, се очекува, да прејдат на Еврото околу 2007 година.
Комисијата прогнозира дека економскиот растеж во Турција, кандидат за ЕУ, ќе изнесува 5,1 насто во 2007 година, споредбено со пет насто во 2005 година. Растежот на останатите кандидати, Бугарија, Романија и Хрватска, исто така ќе биде нешто поголем, проценува Комисијата.
Инфлацијата во новите држави-членки ќе се стабилизира, а стапката на невработеност ќе се намали. Ова ќе ја поттикне приватната потрошувачка и инвестициите, предвидува законодавното тело на Комисијата во шестмесечните прогнози.
Сепак, Чешка, Унгарија и Полска, во 2007 година најверојатно ќе имаат буџетски дефицити поголеми од три насто на Бруто општестевниот производ, колку што е максимумот во ЕУ, така што се доведува во прашање нивниот влез во Евро-зоната.
Се претпоставува дека Полска, најголема меѓу новите членки, ќе го намали дефицитот до 2007 година од 3,6 насто на 3,4 насто, додека чешката ’загуба“ би можела да се зголеми од 3,2 на 3,3 насто од БДП.
Унгарскиот буџетски дефицит, исто така се проценува дека ќе се зголеми од 6,1 процент годинава на 6,9 насто од БДП во 2007 година.
Јавните финансии на новите членки ќе бидат оптеретени и со трошоците на кофинансирање на проекти – вредни повеќе милијарди евра во Европската унија (ЕУ), каде станува збор, пред се за инфраструктурни и еколошки проекти./Крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

