Uncategorized
Кина нема да толерира независност на Тајван
Кина ќе тежнее кон мирно обединување со Тајван, но нема да толерира прогласување формална независност на островот.
Кина ќе тежнее кон мирно обединување со Тајван, но нема да толерира прогласување формална независност на островот.
Ова, синоќа во Пекинг, го изјави кинескиот претседател Ху Џинтао, по средбата со американскиот претседател Џорџ Буш, кој во рамки на повеќедневна азиска турнеја ја посети и Кина.
“Му пренесов на Буш дека кинеската Влада и народ се посветени на мирот и стабилноста во Тајванскиот мореуз“, изјави кинескиот лидер.
Според него, Кина е подготвена да стори се за да се оствари “перспективата на мирно обединување на државата“, додавајќи дека “никако нема да толерира таканаречена независност на Тајван“.
Кина смета дека статусот на Тајван, што има посебна власт од 1949. година, иако Пекинг смета дека тоа е негова територија, е најважно прашање во односите со САД, кои инаку се воен заштитник на Тајван.
Пекинг, во повеќе наврати, се заканува дека ќе го нападне Тајван ако прогласи независност.
/Крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.