Uncategorized
Запленети повеќе од шест тони кокаин во Португалија
Португалската полиција заплени повеќе од шест тони кокаин во близина на Лисабон, што се смета за рекордно количество дрога запленето оваа година во Европа, јавуваат денеска португалските медиуми.
Португалската полиција заплени повеќе од шест тони кокаин во близина на Лисабон, што се смета за рекордно количество дрога запленето оваа година во Европа, јавуваат денеска португалските медиуми.
Според истите извори, во полициската акција биле уапсени седум лица, шестмина Французи и еден Колумбиец.
“Станува збор за најголемото количество дрога запленето во Португалија, а оваа година и во Европа“, изјави синоќа директорот на Националната судска полиција Жозе Сантуш Кабрал.
Од полицијата додаваат дека кокаинот е со висока чистота и потекнува од Колумбија, а бил запленет во квартот Приор Вељо, во едно предградие на Лисабон, по неколку месечно следење на нарко-каналот.
Полицијата запленила и четири автомобили, еден камион, 10 мобилни телефони и 20.000 евра.
/крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.