Uncategorized
Судија му одреди домашен притвор на Пиноче, но подоцна се премисли
Чилеанскиот судија Карлос Серда кој издаде наредба за домашен притвор на поранешниот диктатор Аугусто Пиноче откако утврди финансиски злоупотреби, донесе одлука да го пушти со кауција, јавуваат медиумите.
Чилеанскиот судија Карлос Серда кој издаде наредба за домашен притвор на поранешниот диктатор Аугусто Пиноче откако утврди финансиски злоупотреби, донесе одлука да го пушти со кауција, јавуваат медиумите.
Серда првичната одлука за притвор ја донесе синоќа, при разгледувањето на тајните сметки на Пиноче во странство, но подоцна се предомисли и го пушти со кауција од 22.600 американски долари.
Судијата се повика на староста на поранешниот чилеански диктатор, кој за два дена ќе наполни 90 години.
“Ослободувањето на Пиноче не претставува опасност за националната сигурност“, пишува во судската одлука. Истовремено, одлуката треба да ја разгледа и Апелациониот суд во Сантијаго, кој ќе ја потврди или отфрли судската одлука.
За последните седум години против Пиноче се покренати четири наредби за апсење. Во последната наредба за притвор се посочуваат четири обвиненија-неплаќање на даноци, фалсификување на официјални документи, фалсификување на четири пасоши и непријавување на недвижен имот.
/крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.