Uncategorized
ЕУ ќе му предложи на Иран обновување на преговорите
Европската унија ќе му предложи на Иран обновување на преговорите за нуклеарната програма, во спротивно, Унијата ќе упати остри критики до Техеран поради недостатокот на транспарентност во програмата, коментира “Би-би-си“.
Европската унија ќе му предложи на Иран обновување на преговорите за нуклеарната програма на Техеран, во спротивно, Унијата ќе упати остри критики до Иран поради недостатокот на транспарентност во програмата, коментира “Би-би-си“.
Ова барање до Обединетите нации го доставил британскиот пратеник во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), при тоа додавајќи дека ЕУ се согласила за обновување на преговорите по барање на неколку земји-членки на МААЕ.
Овие земји побарале продолжување на дипломатскиот дијалог со Иран по предлогот уранот за иранските нуклеарни реактори да се збогатува во Русија.
Разговорите меѓу ЕУ и Иран беа прекинати во август, откако Иран ја обнови програмата за збогатување на уранот.
САД и ЕУ се сомневаат дека Иран се обидува да создаде нуклеарно оружје.
/крај/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.