Контакт

Uncategorized

Меѓународен ден против насилството врз жената

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Меѓународниот ден против насилство врз жената – 25.ноември, денеска, се одбележува ширум светот во знак на протест против какво и да е насилство врз полова основа.

Њујорк/Скопје, 25.11.2005 (Макфакс) – Меѓународниот ден против насилство врз жената – 25.ноември, денеска, се одбележува ширум светот во знак на протест против какво и да е насилство врз полова основа.

Целта на одбележување на овој Ден е јакнење на свеста за последиците од насилство врз жените, сексуални злоставувања, тортура, злоставување на затвореници од женски пол, како и насилство врз жени во оружен конфликт.

По тој повод, денеска започнува светската кампања “16 дена активизам против половото насилство“ во која се вклучува и Македонија, што ќе трае до 10.декември – Меѓународниот ден на човекови права.

Фондот на ООН за елиминација на насилството врз жените (УНИФЕМ), преку финансиски средства ќе ја поддржи програмата за институционализација на процедури и протоколи во Македонија со цел да постигне поефикасен граѓански и кривичен правосуден систем за заштита на жртвите од домашно насилство. Фондот располага со еден милион и 800 илјади долари што годинава ќе им бидат распределени на 24 групи од регионот, официјално е соопштено./крај/со/ис



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Зошто детето е посмирено со таткото и поемотивно со мајката?

Објавено пред

Од

Родителите често се прашуваат зошто детето дома се однесува сосема поинаку пред мајката отколку пред таткото – понекогаш е поемотивно и поискрено со мајката, додека со таткото може да биде посмирено, поповлечено или попослушно.

dobivaj vesti na viber

Ваквите разлики најчесто се природен резултат на емоционалните улоги, социјалните очекувања и начинот на кој се развива врската со родителите.

Во многу семејства, мајката е првото и главно „безбедно пристаниште“. Со неа, детето поминува најмногу време во раните години и учи да ги препознава и регулира емоциите со неа. Затоа децата често покажуваат силни емоции пред своите мајки: лутина, тага, фрустрација, но и потреба за блискост. Ова не е знак на непочитување, туку на доверба. Детето знае дека може да си дозволи да биде ранливо бидејќи верува дека ќе биде прифатено.

Татковците, во перцепцијата на децата и општеството, често се сметаат за авторитет или некој што поставува јасни граници. Децата може да се однесуваат повоздржано, посериозно или поучтиво во нивно присуство, а некои може да имаат и желба да се докажат преку игра, натпревар или хумор.

Различните реакции не значат дека едната врска е поважна од другата – тие само се обоени различно.

Мајките и татковците честопати несвесно применуваат различни стилови на родителство. Некои се потрпеливи во разговорот, други реагираат побрзо на правилата. Децата се прилагодуваат на ова, учејќи што да очекуваат од кој родител и како да се однесуваат во различни ситуации.

Различното однесување со мајката и таткото може да биде знак за здраво прилагодување и богати односи. Проблемот се јавува само кога детето покажува страв, повлекување или екстремна вознемиреност со едниот родител, или ако однесувањето на родителите е постојано во конфликт. Во овие случаи, важно е да се разговара, да се координираат пристапите и, доколку е потребно, да се побара стручна поддршка.

Различното однесување на децата кон мајките и татковците не е знак на проблем, туку огледало на сложени, но природни семејни односи. Токму во оваа разновидност децата учат да градат односи и да се разбираат себеси.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар

Објавено пред

Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.

dobivaj vesti na viber

„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени  

Објавено пред

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.

dobivaj vesti na viber

„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.

„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.

Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

Во услови на високи тензии, Израел и Иран тајно разменија пораки, со посредство на Русија, уверувајќи се едни со други...

Свет2 часа

Иранско судство: Демонстрантот Ерфан Солтани не е осуден на смрт

Иранското судство ги негираше извештаите дека демонстрантот Ерфан Солтани е осуден на смрт, објавија иранските државни медиуми. Солтани претходно беше...

Свет3 часа

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани е одложена, велат семејството и групата за човекови права

Егзекуцијата на иранскиот демонстрант Ерфан Солтани не е извршена вчера, потврдија член на семејството и Хенгав, група за човекови права...

Свет3 часа

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани веднаш да го напуштат Иран

Неколку земји издадоа предупредувања до своите граѓани да избегнуваат патувања во Иран или веднаш да ја напуштат земјата поради задушувањето...

Свет3 часа

Трамп: Зеленски е главната пречка за постигнување договор

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека лидерот на иранската опозиција Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази неизвесност...

Македонија14 часа

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет14 часа

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија16 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија19 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ20 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија22 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија22 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија23 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија1 ден

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет1 ден

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет1 ден

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија1 ден

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет1 ден

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа1 ден

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...