Uncategorized
Фустанот во кој Мерилин Монро пееше на роденденот на Кенеди продаден за 4,8 млн долари
Фустанот во кој една од првите сексашилни холивудски актерски ѕвезди Мерилин Монро му ја испеа „Happy Birthday, Mr. President“ на тогашниот американски претседател Џон Ф.Кенеди, за неговиот 45-ти роденден е еден од најпознатите во историјата.
Креацијата, дизајнирана од Жан Луј и украсена со 2.500 блескави камења, достигна вредност од 4,8 милиони долери. Нежниот фустан беше продаден на аукција во Лос Анџелес, а купувачот е всушност музејот „Ripley’s Believe It Or Not“.
Ова е пример колку многу може да се промени вредноста на едно парче облека откако ќе биде носено од славна личност. Оригиналната цена на фустанот била 12.000 долари.
Ова не е единствен фустан на легендарната актерка која беше продаден за екстремно висока цена. Во 2011 година, за белиот фустан кој таа го носеше во филмот „The Seven Year Itch“ анонимен колекционер плати 4,6 милиони долари. Црвениот блескав фустан од „Gentlemen Prefer Blondes“, пак, беше прдаден за 1,2 милиони долари, а нејзин костим од филмот „River of No Return“ достигна цена од 510 000 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Путин: На дело покажуваме одговорност за иднината на светот
Русија ги идентификува политиката и економијата како некои од главните области на соработка меѓу членките на БРИКС. Имавме цел да го зајакнеме авторитетот на организацијата, да ја зголемиме нејзината улога во светските работи и да ги решиме итните глобални и регионални проблеми. Направивме сè за да ја подобриме и продлабочиме мултилатералната соработка на нашите земји во три главни области: политика и безбедност, економија и финансии, како и културна и хуманитарна сфера, изјави рускиот претседател Владимир Путин на вториот ден од самитот на БРИКС, што се одржува во Казан, главниот град на Република Татарстан, со слоганот „Зајакнување на мултиполарноста за поправеден глобален развој и безбедност“. На самитот учествуваат претставници на 36 земји, како и шест меѓународни организации.
На покана на Путин се одржа седница на БРИКС во потесен состав, на која присуствуваа претседателот на Руската Федерација, Абдел Фатах ел-Сиси – претседателот на Египет, Нарендра Моди – претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, претседателот на Народна Република Кина – Шји Џјинпинг, и претседателот на ОАЕ – Мухамед бин Зајед ал-Нахјан, премиерот на Етиопија – Абиј Ахмед, претседателот на Јужноафриканската Република – Сирил Рамафоса, и министерот за надворешни работи работи на Бразил – Мауро Вијеира.
На продолжената седница Путин рече и дека би било погрешно да се игнорира огромниот интерес на земјите од глобалниот југ и исток за зајакнување на контактите со БРИКС. Во една или друга форма повеќе од 30 земји ја изразија оваа желба. Во исто време, како што истакна рускиот лидер, треба да се одржи рамнотежата и да не се дозволи да се намали ефикасноста на БРИКС. Тој потсети и дека во Јоханесбург е договорено да се создадат модели и категории на земји партнери на БРИКС и да се формира листа на земји што ќе добијат таков статус.
„Сите сме сведоци на динамичниот развој на БРИКС, зајакнувањето на неговата репутација и влијание во светските работи. Земјите што се членки на нашата заедница поседуваат навистина огромен политички, економски, научно-технолошки и човечки потенцијал. Во исто време, нас нè обединуваат заеднички вредности и погледи за светот. Ќе биде точно ако кажам дека БРИКС вклучува истомисленици – суверени држави, кои претставуваат разни континенти, развојни модели, религии и домородни цивилизации и култури. Сите наши земји се залагаат за еднаквост, добрососедство и меѓусебно почитување, за потврдување на возвишените идеали за пријателство и хармонија, за општ напредок и благосостојба. Тие покажуваат одговорност за иднината на светот на дело, а не со зборови, тие имаат навистина позитивно влијание врз состојбата на работите на полето на глобалната стабилност и безбедност и даваат важен придонес во решавањето на акутните регионални проблеми“, рече Путин.
Според кинескиот претседател Џјинпинг, на самитот е одлучено да се поканат многубројни земји да станат партнерски земји. Кинескиот лидер оваа одлука ја нарече уште еден важен настан во развојот на БРИКС. Тој изјави дека земјите членки на БРИКС мора да играат водечка улога во реформата на постојниот глобален финансиски систем. Кина ќе спроведе план за соработка за зајакнување на потенцијалот на земјите од БРИКС во дигиталната сфера, рече кинескиот лидер. Во таа насока тој истакна дека минатата година предложил иницијатива за соработка во областа на дигиталното образование во рамките на БРИКС, пренесуваат медиумите во регионот.
Нагласи дека меѓународната рамнотежа на силите поминува низ длабоки промени, но дека гореспоменатата реформа е далеку зад себе.
Претседателот на Кина повика сите да се придржуваат до концептот на мултилатерализам и да ги земат предвид ставовите на земјите од глобалниот југ.
Според него, Пекинг е подготвен да ја прошири соработката со земјите од БРИКС, вклучително и откривање нови ресурси. Тој додаде дека релевантноста на меѓународниот финансиски систем само ќе расте.
„Земјите од БРИКС треба да ја играат улогата на заштитници на заедничката безбедност“, рече Шји.
Зборувајќи за Украина, тој посочи дека е неопходно да не се дозволи ширење на конфликтот и негова ескалација. „За да се деескалира во Украина, неопходно е да престанеме да додаваме масло на огнот“, посочи кинескиот претседател.
Според светските медиуми, посебен интерес предизвика претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој вчера доцна попладне пристигна во Казан.
Uncategorized
Минчев – Жариќ-Ковачевиќ: Зајакнување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Србија во јавната администрација
Во рамки на зајакнување на регионалната соработка, Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, оствари билатерална средба со Министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, на која разговараа за областите на соработка насочени кон унапредување на системите на јавна администрација во двете земји.
На средбата беа истакнати одличните релации меѓу држави, при што двајцата министри изразија заедничка посветеност за продлабочување на соработката во областа на владеењето и административните реформи.
Во таа насока, заложбите на двете страни кулминираа со договор за потпишување на Меморандум за соработка во перидот кој следи, а кој ќе ја формализира размената на најдобри практики, заеднички иницијативи и споделена експертиза во јавната администрација.
„Потпишувањето на овој меморандум за соработка ќе означи ново поглавје во партнерството меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација, едновремено истакнувајќи ја нашата заедничка цел, а тоа е модернизирање на јавна администрација и унапредување и зајакнување на процесите и капацитетите кои произлегуваат од неа.”- истакна министерот Минчев.
Министерката Жариќ Ковачевиќ ја потврди оваа иницијатива, истакнувајќи ја важноста на регионалните партнерства во поттикнувањето на реформите кои ќе ја подобрат испораката на јавните услуги за граѓаните во двете земји.
Двете министерства ќе се заложат преку редовни консултации и состаноци да работат на конкретни процеси кои ќе придонесат за ефективна имплементација на реформите во јавната администрација, а кои ќе бидат дел од Меморандумот за соработка.
Uncategorized
(Видео) Гори дел од касарна, голем пожар во Србија
Во делот од касарната лоциран во близина на болницата ВМА, во Бањица денеска во попладневните часови имало пожар.
View this post on Instagram
Како што се гледа на видеото кое е објавено на социјалната мрежа Инстаграм, во тој дел од градот се шири густ чад.
На терен се 12 пожарникари и четири противпожарни возила.