Контакт

Uncategorized

Дневен хороскоп за 12-ти ноември

Објавено пред

Овен
Денес ќе бидете под влијание на романтичната венера која ќе влезе во вашата 10-та куќа. ќе ве поттикне да направите долгорочен љубовен план. Ако сте во врска, разговоритеќе ви се движат кон носење на врската кон следно ниво.За некои овени тоа ќе резултира со свршувачка. Не флертувајте со личности покрај кои не можете да се замислите во иднина доколку сте сингл.
Доколку почуствувате дека сте во вишок со емоции не го трошете вашето чуство пред првата личност која ќе ви се најде при рака. Обидете се да бидете трпеливи додека не најдете некој кој ќе знае да го цени она што вие го чуствувате, но ако би било спротивно можете да завршите со голема повреда. Ви треба внимание, но не од погрешна личност.
Бик
Денес венера вашата планета која ве раководи ќе влезе во вашата 9 куќа на патувањето на далечни дестинации, којашто ќе ви ја разбуди желбата да го истражувате светот. Некои бикови ќе паднат на шармот на некој странец, па нема да им одолееат. Не влегувајте во ризични финансиски предизвици ниту пак не потпишувајте договори за партнерство, бидејќи би можеле да доживеете сериозна загуба. Исплатата на вашата плата или хонорар можеби ќе доцни така да ќе мора да се одкажете со купувањето на планираните работи. Деловниот партнер не ги исполнува во потполност ветувањата кон вас така да за понатамошна соработка ќе треба добро да размислите.
Близнаци
Имагинативната сила ви е многу јака, па добро би било да се занимавате со некаков вид на уметност. На тој начин ќе ги предупредите грешките на материјално ниво. Благодарејќи му на смислата за организирање на работите, создавате поволни услови за нов бизнис, но во исто време невниманието може многу скапо да ве чини. Добро отворете ги очите и внимавајте што правите. Вистинска заводничка ќе бидете во периодот кој доаѓа, благодарение на престојот на Венера, планетата на љубовта и убавината, во вашата 8-ма куќа на интимноста и сексот. Ќе шармирате со долгите трепки и грациозните движења, па доколку има некој кој ви шета низ мислите, имате шанса лесно да го освоите.
Имате партнер? Минувајте ги вечерите во интимна атмосфера. Тоа ќе ве грее во ладните денови.

dobivaj vesti na viber

Рак
Состојбата на работното место е значително поволна. Активноста и енергичноста во решавањето на проблемите ќе ви биде на високо ниво. Односите со околината ќе ви се подобрат, но сепак бидете внимателни во барањата, бидејќи сите врати не ви се отворени. Односите со партнерот ви се стабилни и во нив ќе вложувате голем дел од енергијата. Љубовта е во воздухот! Денес романтичната Венера влегува во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето, што за многу ракови ќе донесе свршенички прстен, брак или вест за бременост. Ова е убав ден, насмевнете се.
Ако сте сингл, никако не ги пропуштајте вечерните излегувања во периодот кој доаѓа. Ќе сретнете личност на која ќе сакате да ѝ кажете „Те сакам“

Лав
Ќе морате да се соочите со проблемите на работното место. Некој ваш колега не ви мисли добро и работи во ваша штета. Отворете ги добро очите и бидете повнимателни. Во љубовниот живот во сериозните врски ситуцијата е стабилна, а слободните потајно посакуваат некоја љубов. Бидете похрабри и настапете решително. Мислете позитивно. Не смеете да го запоставувате вашето здравје.
Денес ќе ги сакате луѓето, но приоритет ќе ви биде грижата за себе. Престојот на убавата Венера во вашата 6-та куќа ќе ве поттикне да трошите повеќе време и средства на вашиот изглед. Резултатот ќе биде зачудувачки.
Не се плашете да ги истакнувате вашите најубави црти. Бидете горди со она што го поседувате.

Девица
Пред вас е успеше работен ден. Ако во моментот сте на одмор, ве очекува уште поголема среќа. Посветете внимание на саканото суштество и на некое ваше омилено хоби. Со еден збор уживајте максимално. Моментите пред вас се идеални за се што вие се стремите да напреавите, но под услов да не претерувате. Вашиот партнер ве подржува во многу работи. Убавата Венера влегува во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето, носејќи го вашиот шарм на вонсериско ниво. Едноставно нема како да останете незабележани штом ќе влезете во одредена просторија.
Желбата за забава ќе им тече во вените на многу девици во периодот кој доаѓа. Со насмевка ќе им се придружувате на пријателите на вечерните излегувања.

Вага
Се што ќе превземете во врска со средување на вашите домашни и семејни односи ќе имате успех. Во врска со вашата работа ве очекува крај на некои ограничувања и почеток на успеси и задоволства. Проблемите кои сте ги имале ќе ни нема, а финансиската ситуација ви е многу поволна особено кај Вагите кои бараат подобро платена работа. Среќата е на ваша страна, максимално искористете го тоа. Ставете штит пред вашето срце и не пуштајте сè да допира до него, бидејќи тоа ќе биде многу ранливо. Доколку сметате дека некој сака да ве повреди, држете го далеку од себе.

Скорпија
Навистина сте енергична личност но понекогаш претерувате и се префорсирате. Тоа е една од причините поради која се чуствувате тотално исцрпени. Не сакате околината да забележи како се чуствувате, па многу вешто глумите. Кога некој ќе се обиди да ве допре имате чуство дека ќе експлодирате. Толку работи ви се насобрање. Спортот е идеално решение за пребродување на оваа краткотрајна криза. Венера, планетата на љубовта и убавината, влегува во вашата 3-та куќа на комуникацијата.
Партнерот одеднаш ќе им стане најдобар пријател на шкорпиите кои умеат смирено да разговараат. Ќе ги корнете проблемите кои се појавуваат пред вас без да оставате трага зад себе.
Стрелец

Денес Венера, планетата на љубовта и убавината, влегува во вашата 2-та куќа на сензуалноста, зголемувајќи ја вашата страст кон животот.
Почестете се нештата кои ги сметате за врв, независно дали тоа е скапо вино или торта. Заслужувате! Навистина сте енергична личност но понекогаш претерувате и се префорсирате. Тоа е една од причините поради која се чуствувате тотално исцрпени. Не сакате околината да забележи како се чуствувате, па многу вешто глумите. Кога некој ќе се обиди да ве допре имате чуство дека ќе експлодирате. Толку работи ви се насобрање. Спортот е идеално решение за пребродување на оваа краткотрајна криза.

Јарец
Фрлете ја скромноста далеку од себе, бидејќи денес треба да ја истакнете вашата убавина. Венера, планетата на љубовта и убавината, влегува во вашиот знак. Ќе има со што да се пофалите.
За многу сингл јарци периодот кој доаѓа ќе донесе раѓање на нова врска. Слободно бидете пребирливи, бидејќи ќе можете.
Не дозволувајте премногу да се опуштите, затоа што можете да го изгубите чувството за одговорност кон обврските. Денес малку потешко ќе ги следите настаните околу вас, што произлегува од вашата намалена концентрација. Тоа можете да го надминате ако малку посериозно пристапите кон обврските и не ги сфаќате работите премногу површно.

Водолија
Ве очекуваат несредени односи со околината. Денеска воздржете се од потпишување на секакви договори. Ќе ве загрижува финансиската состојба. Во љубовниот живот можни се чувствителни расправии, прекини, нејасни односи и лажни ветувања. Здравјето е лошо. Обидете се да го намалите стресот и големото напрегнување. Ве советуваме повеќе време да одмарате.
Можно е да одлучите да го избришете и последниот спомен за личност која не ве заслужувала, но ви се провлекувала во мислите. Збогум лоши мигови, здраво добри времиња.
Риби
Она што денеска го доживувате е извесна изолација било тоа да е доброволна или предизивикана од самите вас. Самотијата ви е најдобриот другар, па обидете се да ја искористите најконструктивно. Обидете се од неа да излезете попаметни и подобри. Никогаш не сме доволно добри и усшпешни колку што сакаме да бидеме. Барем вреди да се обидеме.
Хармоничната Венера влегува во вашата 11-та куќа на групните активности и ќе остане таму до 7 декември. Колку е убаво кога знаете дека луѓето се дружат со вас без задни намери. Сега ќе ја „мирисате“ нивната искреност./крај/

Uncategorized

Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар

Објавено пред

Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.

dobivaj vesti na viber

„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени  

Објавено пред

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.

dobivaj vesti na viber

„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.

„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.

Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Израелски напад врз училиште во Појасот Газа

Објавено пред

Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.

dobivaj vesti na viber

Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.

Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.

Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.

Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет10 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет17 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет17 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет17 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет18 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет18 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет2 дена

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет2 дена

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет2 дена

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа2 дена

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет2 дена

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...