Забава
Болести поврзани со исхраната
Еден сегмент на заболувања, за кој многу ретко се зборува кај нас, се заболувањата од исхраната
Иако причините за многу-фаталните заболувања може да ги бараме во неправилната исхрана и начин на живот сепак, кога зборуваме за заболувањата од исхраната, конкретно мислиме на група заболувања кои својот корен го имаат во самокритиката, негативните мисли за својот изглед и тело, одбивноста кон храната, екстремното намалување на внесот на храна или пак прејадување, како и навики на јадење кои го нарушуваат нормалното функционирање на телото. Овие навики речиси секогаш се проследени со форми на депресија. Во оваа група заболувања спаѓаат: анорексија, булимија и редица заболувања кои не се одделно определени поради сличноста. Она што е важно е дека овој тип на заболувања подеднакво ги погодуваат сите општествени слоеви, а нивниот исход може да биде трагичен.Познати личности кои починале поради заболувања поврзани со исхраната:Карен Карпентер (популарна американска пејачка од средината на 70-те. Веројатно некои од вас ќе се присетат на „The Carpenters“)Таа ја започнала таканаречената Стилман диета или диета на вода, со цел да ја намали својата тежина која отсекогаш и создавала проблеми. Диетата се состоела од 8 чаши вода дневно и грст витамини. Карен продолжила со диета дури и откако изгубила 10 килограми, сè до својата смрт на неполни 33 години. Починала од прекин на работата на срцето, предизвикано од анорексија и мускулна атрофија, токму на денот на разводот со нејзиниот сопруг. Во моментот на смртта имала само 36 килограми.Ана Каролина Рестон (бразилски модел)Откако ја почнува својата кариера на 13 годишна возраст, работи за Ford, Elite и L’Equipe. Но, нејзиниот детски сон ќе стане ужасен кошмар по посетата на Кина, каде на еден кастинг и е забележано дека со себе носи повеќе килограми отколку што е потребно. Девојчето го сфатило тоа здраво за готово, се впуштила во ризични диети, кои една година подоцна ќе резултираат со анорексија. Состојбата се влошувала од ден на ден, а официјално смртта настапила со откажување на функцијата на бубрезите предизвикана од анорексија. Имала само 21 година и само 40 килограми.Марго Хемингвеј (модел и актерка, внука на големиот Ернест Хемингвеј). Прв топ модел кој добил милионски договор со Fabergè. Немало списание кое не ја посакувало на својата насловна страница во тоа време. Едно од заштитните лица и редовен гостин на фамозната дискотека Студио 54. Меѓутоа, ова ќе се распрсне како меур од сапуница по неколкуте фамилијарни драми и една скијачка несреќа по која ја зголемила својата тежина за безмалку 35 килограми. Иако депресијата некако постојано ја пратела во текот на животот, таа особено се засилува во овој период. И покрај неколкуте престојувања во разни центри за помош околу исхраната и депресијата, сепак решава да си го одземе животот, официјално поради преголема доза на фенолбарбитурати.Списокот е прилично долг: балерината Хајди Гинтер, гимнастичарката Кристи Хајнрих, американската поетеса Ен Секстон, ќерката на иранскиот шах Реза Пахлави.Некои од славните личности ја добиле битката со ваквите заболувања и решиле да проговорат јавно за тоа, како предупредување до армијата жени кои не се задоволни од својата тежина. Меѓу нив се:Опра Винфри успеа да ги победи заболувањатa поврзани со храната и издаде книга во која пред светот ја опиша својата борба со вишокот килограми.Кејт Винслет е израсната во семејство на одлични готвачи и целиот живот има проблем со својата тежина. Бројните критики што ги трпела резултираат со депресија и анорексија. Денес е задоволна со својот изглед и истото им го препорачува на сите други.Џејн Фонда беше меѓу првите славни личности која призна дека долги години се бори со булимијата. Својата борба со оваа болест ја опиша во својата автобиографија „My life so far“.Во овој список влегуваат и: Ешли Симпсон, Кристина Ричи, Кетрин Оксеберг, Франц Кафка, Одри Хепберн, принцезата Дијана, Викторија Бекам… списокот е речиси без крај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Прогласен е за најприфатлив божиќен пазар во Европа, кригла пиво чини 2,5 евра
Доколку барате прифатлив божиќен пазар, Прага би можела да биде добра опција. Позната по своите дрвени тезги, големи божиќни елки и мирисот на трделник, чешката престолнина привлекува голем број туристи секоја година, а сега е официјално прогласена за најприфатлива европска дестинација за зимски одмор, пишува Daily Mail.

Саемите се одликуваат со ароми на греано вино (сварак), медовина и традиционални чешки деликатеси, додека посетителите се забавуваат со жива музика, театарски претстави и хорови. Во центарот на саемот доминира голема елка донесена од чешките шуми, со познатиот Астрономски часовник во позадина.
Според истражувањето на порталот „Сикрет Лондон“, Прага е убедливо најпристапната дестинација. Просечната цена за ноќевање во хотел со три ѕвездички е околу 84 евра, додека кригла пиво чини околу 2,50 евра во просек.
Бугарскиот град Банско се најде на второто место и покрај уште пониската цена за кригла пиво од само 1,05 евра.
Една од големите предности на прашкиот панаѓур е тоа што трае до 6 јануари.

Во Чешка, божиќните традиции се фокусираат на Бадник. Подароците не ги носи Дедо Мраз, туку Малиот Исус (Ježíšek) и се отвораат по празнична вечера која традиционално се состои од крап и салата од компири. Многумина постат во текот на денот со надеж дека ќе видат „златно прасе“, што се смета за знак на среќа. Обичаите вклучуваат украсување на елката на Бадник, пеење божиќни песни, фрлање лушпи од ореви во водата за гатање и излегување на полноќ.

Новогодишната ноќ во Прага е обележана со огномет на 31 декември и 1 јануари. Најдобрите погледи се од плоштадот Стар Град, Карловиот мост и бреговите на реката Влтава.
фото/депозитфотос
Забава
„Д фестивал“ и официјално избран меѓу топ-10 најдобри фестивали во Европа
„Д фестивал“, водечкиот летен фестивал во Македонија, е официјално избран меѓу топ-10 најдобри фестивали во Европа за претстојните Европски фестивалски награди (European Festival Awards 2025), најпрестижното признание на европската фестивалска индустрија.
„По завршувањето на јавниот избор во кој за номинираните фестивали гласаше публиката од цела Европа, нашиот фестивал влезе во потесната листа на 20 најдобри, а потоа, по гласовите на меѓународно жири, составено од водечки експерти од музичката индустрија,’Д фестивал’ се пласира и во финалниот shortlist на најдобрите 10 фестивали во својата категорија – историски успех и огромно признание за македонската независна фестивалска сцена“.
Според европските стандарди за музички фестивали, „Д фестивал“ е во најтесниот избор во категоријата „Најдобар мал европски фестивал“, односно со капацитет 10.000 посетители дневно, а во финалето е заедно со фестивали од Швајцарија, Данска, Италија, Холандија, Романија, Бугарија и Србија.
„Д фестивал“ влегува во финалето со најдобрите во 2025 како единствен настан од Македонија, а во децениската историјата на фестивалските „оскари“ тој е втор македонски фестивал што успеал да се искачи до листата на 10 најдобри по „Таксират“, кој се запиша во оваа селекција со своите изданија во 2016 и 2022 година.
Пласманот, како што велат од организацијата, меѓу најдобрите фестивали во Европа претставува силна меѓународна валидација за долгогодишната посветеност на фестивалот – за уникатниот програмски концепт, продукција, уметничката програма, доживувањето за посетителите и развојот и брендирањето на нови локациски идентитети.
Победниците во секоја категорија ќе бидат објавени на официјалната церемонија на Европските фестивалски награди, што ќе се одржи на 14 јануари 2026 година во Гронинген, Холандија.
„’Д фестивал’, основан во 2011 година, е препознатлив како единствениот open-air фестивал во Македонија, кој се одржува секоја година со тридневна мултидимензионална програма. Фестивал што секоја година гради уникатна фестивалска заедница, посветена на слободниот креативен дух, инклузивноста и одржливите практики.
Годинава, сепак, останува забележана и како една од најтешките во историјата на фестивалот. Неколку месеци пред одржувањето на настанот трагедијата што ни се случи во Кочани остави длабока траума и трага врз целата музичка сцена и заедницата. По трагедијата во Кочани, ‘Д фестивал’ се посвети на хуманитарната мисија откажувајќи се целосно од приходот од влезниците и го донира во соработка со иницијативата Support Кочани. На хуманитарниот ‘Д фестивал’ оваа година во Штип настапија: Д систерс оф мерси, Соулфлај, Инер Сркл, Томи Кеш, Кирил Џајковски, Буч Кесиди, Мизар, Архангел, Фолтин, Прљаво казалиште, Љубојна, С.А.Р.С., Драган Мијалковски, Дина Јашари, Паркети, Пијан Славеј, Доуп Куќата и уште десетици други музички артисти од Македонија.
Следното издание на ‘Д фестивал’ веќе е закажано за 26-28 јуни во Штип, а објавен е и првиот хедлајнер – IDLES – британските панк-рок ѕвезди и моментно еден од најважните live-бендови во светот. Во зенитот на својата кариера пристигнуваат првпат кај нас! Во продажба се и првите влезници „Ран Корморан“, достапни на веб-страницата и на благајните на Мк тикетс“.
Забава
(Фото) Мадона измамува воздишки во секси облека
Пејачката Мадона долго време е тема на јавноста поради нејзиниот љубовен живот. Странските медиуми неодамна објавија дека поп-дивата треба да се омажи за својот 38 години помлад партнер, Акем Морис, а извори блиски до неа тврдат дека таа е вљубена во него до уши.
„Морис ја прави среќна, никој никогаш не се однесувал така со неа“, велат изворите.
Сега таа објави серија жешки фотографии на „Инстаграм“ покажувајќи дека годините за неа се само бројка и дека на 68 години изгледа како вистинска дива.
Носеше розов фустан од корсет, кој ги нагласува нејзината вита фигура и градите, а на својот изглед додаде и крзнено палто, исто така во розова боја.
View this post on Instagram
Изгледот го надополни со брановидна фризура и впечатлива шминка, а ова издание многу потсетува на нејзината ера Blond Ambition од 1990 година.
Судејќи според објавите на социјалните мрежи, поп-дивата ужива во љубовта со својот 38 години помлад партнер, а за него носи комбинации што привлекуваат погледи и измамуваат воздишки.
фото: Depositphotos

