Забава
Над 80 илјади документи на Ајнштајн достапни на интернет
Уникатната дигитална архива на Алберт Ајнштајн претставена во понеделникот на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, ќе и’ презентира на широката јавност повеќе од 80 илјади документи на големиот физичар.
Уникатната дигитална архива на Алберт Ајнштајн претставена во понеделникот на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, ќе и’ презентира на широката јавност повеќе од 80 илјади документи на големиот физичар.Отворањето на Дигиталната архива при Хебрејскиот универзитет е темпирано во чест на 133-годишнината од раѓањето на генијот Алберт Ајнштајн, што се празнува деновиве во Израел.На Универзитетот Принстон во САД, подготвен е сличен проект, но само со скенирање на документите. Експертите од Хебрејскиот универзитет ги обработиле документите на Ајнштајн, во формат со висок квалитет, што овозможува работа со нив. Во моментов, во ваков формат се дигитализирани повеќе две илјади документи, но до крајот на годинава се планира да се дигитализираат сите 80 илјади документи на Ајнштајн, меѓу кои и 40 илјади лични документи, повеќе од 30 илјади документи поврзани со животот на физичарот откриени по 1980 година, изјави за РИА Новости, ко-основачот на Фондот кој додели грант за дигитализацијата на документите, д-р Леонард Полонски.Системот за пребарување на овој интернет ресурс ќе овозможува да се пронајде документ по тема, автор и адресант на писмата. Алберт Ајнштајн, кој почина во 1955 година, повеќе од 80-те илјади свои документи ги остави на Хебрејскиот универзитет од Ерусалим, чиј соосновач е самиот/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.
Забава
(Видео) Ники Минаж ја гаѓаа со шише, а нејзината реакција стана хит: раперката врати со иста мера
Ники Минаж во свој стил одговори на недоличното однесување на публиката.
На настапите се почесто се случува разни предмети да завршат на сцената, па многу музичари доживеале непријатност на концертот кога некој од публиката ќе ги фрли кон нив.
One of the Detroit Barbz almost got cussed tf out by Nicki for throwing a bracelet on stage.😩 #GagCityDetroit pic.twitter.com/Kv4q6ewEvX
— Chun-Li🪭 (@BadGirlChunLi) April 21, 2024
Во иста ситуација се најде и популарната Ники Минаж, кога еден од обожавателите фрли пластично шише кон раперката на нејзиниот настап.
Меѓутоа, пејачката навреме го забележа и се потргна, па шишето не ја удри, а потоа го зеде и го фрли кон него. Овој нејзин потег изненади многумина, а видеото од концертот стана вирално на социјалните мрежи.
Забава
Дуа Липа привлече внимание на забава во Њујорк: фустан со длабоко деколте и необичен изрез
Дуа Липа присуствуваше на синоќешната гала „Тајм 100“ во Њујорк, а ги привлече погледите во фустан на Шанел со необично деколте.
28-годишната британска кантавторка заслепуваше во скроен фустан на Шанел на галата „Тајм 100“ во Њујорк.
Белиот фустан од тантела беше извезен со кристали и цветни детали. Изгледот на Липа беше инспириран од колекцијата Métiers d’art 2023/24 на модната куќа.
Фустанот имаше и длабоко V-деколте и црна машна под која го истакна папокот со мал необичен исечок.
Носеше и неколку фенси дијамантски прстени, како и ѓердан што стигнуваше меѓу нејзиното деколте.
Нејзината црвена коса беше обликувана во „лесни бранови“, а изгледот го комплетираше со едноставна шминка.