Контакт

Екологија

Скопјани мрднаа со прст за да ја подигнат свесноста за загадувањето на воздухот

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во четврток, во Скопје во рамките на кампањата „Мрдни со прст“ педесетина граѓани се организираа и делеа тегли со чист планински воздух на случајните минувачи на плоштад „Македонија“, со цел да ја подигнат свесноста за загадувањето на воздухот во Скопје. На акцијата им се приклучија и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и организацијата Go Green – Биди зелен.

Проблемот со загадениот воздух во Скопје беше еден од најпријавуваните од страна на граѓаните на мапата на веб страната www.mrdnisoprst.mk, која во последниов месец прими повеќе од стотина пријави за различни проблеми на различни локации низ целата земја. Некои од проблемите кои беа пријавувани од страна на граѓаните се поддржани во рамките на кампањата „Мрдни со прст“, преку разни акции кои се реализираа во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и локалните граѓански иницијативни во градовите низ земјава. Така, во рамките на кампањата, во Скопје беше успешно организирана акција за чистење на отпадоците околу Скопскиот Аквадукт, во Струга беа поставени рачно нацртани корпи за отпадоци во Паркот на поезијата, а во Охрид имаше улична театарска акција преку која младите побараа да има повеќе културни настани.

„Се приклучив на акцијата за да придонесам во подигнувањето на свесноста на што повеќе граѓани за загадувањето на воздухот во Скопје. Плоштадот Македонија е вистинското место за оваа акција, бидејќи токму тука за новогодишните празници луѓето се понесени од новогодишната еуфорија, слават и купуваат подароци за своите најблиски, па на некој начин забораваат на општествените проблеми. Затоа ние сме тука да ги потсетиме“, изјави еден од граѓаните кои доброволно се приклучија на акцијата.

Кампањата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

„Мрдни со прст“ продолжува и понатаму, а секој кој сака да се пријави за следните акции или да пријави проблем може тоа да го направи преку веб страната www.mrdnisoprst.mk или Facebook страната www.facebook.com/MrdniSoPrst./крај/со/бб

Екологија

Гејтс со најбизарна инвестиција досега: ќе го намалува ждригањето на кравите

Објавено пред

Милијардерот Бил Гејтс инвестира во австралиска стартап-компанија за климатска технологија, која планира да ги намали емисиите на метан што настануваат од ждригање на кравите.

dobivaj vesti na viber

Метанот е најчестиот стакленички гас по јаглеродниот диоксид. Добитокот, како кравите, козите и елените, произведуваат метан кога нивниот стомак разградува цврсти влакна, како трева, пишува „Индекс“.

Научните истражувања покажаа дека хранењето на кравите со алги може значително да ги намали нивните емисии на метан. Стартапот „Румин 8“ од Перт почна да работи на додаток на храна, кој синтетички се пресликува од црвените алги, што го запира формирањето гас, пишува Би-би-си.

„Румин 8“ соопшти дека собрал 12 милиони долари преку финансирање предводено од Breakthrough Energy Ventures, која Гејтс ја основа во 2015 година. Инвестициската фирма е поддржана и од извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, и од кинескиот претприемач и коосновач на „Алибаба“, Џек Ма.

Во октомври минатата година Нов Зеланд предложи да се даночат стакленички гасови произведени од домашните животни преку подждригнување и мокрење. Во 2019 година метанот во атмосферата достигна рекордни нивоа, тој беше околу два и пол пати повеќе од нивото во прединдустрискиот период. Одделните молекули на метан имаат посилен ефект на загревање на атмосферата од молекулите на CO2.

Прикажи повеќе...

Екологија

Отворање на пермакултурна градина во МКЦ

Објавено пред

Во Младинскиот културен центар утре (20 мај) ќе биде отворен новиот зелен простор во градот наречен „ГРАДИДНИНА“.

dobivaj vesti na viber

„’Градиднина’ е новата пермакултурна градина во Скопје, создадена за поддршка на широки иницијативи во зародиш. Изградбата на просторот е резултат на учеството на МКЦ во меѓународниот проект насловен ‘Big Time Takeover’ развиен преку Ерасмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската Унија. Прокетот се реализира во периодот од мај 2021 до јуни 2023 година, заедно со останатите европски партнери во проектот: Associazione culturale Mulab од Италија, Rinova Limited (Велика Британија), HFC-Hope for children CRC Policy Centar (Кипар) и Fundacija Arteria (Полска)“, информираат од МКЦ.

„Big Time Takeover“ има за цел да ги поттикне младите од 13 до 18 години да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на уметноста, природата и модерната технологија за да проговорат на прашањата што ја засегаат заедницата и развојот на идните генерации.

МКЦ преку овој проект ја согледува можноста да проговори за потребата од грижлив и одржлив пристап кон градинарството и урбаното живеење со акцент на креативниот и социјален развој кај младите.

„Од самиот почеток на проекот МКЦ соработува со уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски (Press to Exit project space) со цел да развие современ интердисциплинарен, уметнички и едукативен концепт и програма која ќе ги опфати сите клучни цели и насоки на проектот“, наведуваат од Младинскиот културен центар.

Клучен во развојот на овој проект е социологот и градинар Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива „Бостание“. Алхалаби е вклучен како експерт и едукатор во проектот.

„Целта на ГРАДИДНИНА е да прерасне во благородно и динамично место, кое покрај својата основна функција во духот на одржливата агрикултура и грижлив однос кон природата, ќе прерасне и во простор за реализација на различни широки иницијативи на сите заинтересирани поединци од уметнички, едукативен и социјален аспект“, појаснуваат од МКЦ додавајќи дека во создавањето на градината учествувале и гимназијалците од СУГС Никола Карев под менторство на професорката Емилија Ристановска.

Прикажи повеќе...

Екологија

За две години, „Пепси“ ќе продава сокови само во рециклирана амбалажа

Објавено пред

Компанијата „Пепси“ одлучи да ја укине пластиката добиена од сурова нафта, која се користи за пакувањa и амбалажи, на девет пазари на Европската Унија до 2022 година.

dobivaj vesti na viber

Во иднина пакувањата што ги користи „Пепси“ ќе бидaт направени од рециклирана пластика, а компанијата ќе продолжи да работи на подобрување на моделот за повторна употреба на шишиња и други амбалажи, се вели во соопштението на производителот на сокови.

Се прецизира дека фабриките за пакување на „Пепси“ во Шпанија, Германија, Романија, Полска и во Грција ќе почнат да користат рециклирана амбалажа веќе в година, а погоните во Франција, Белгија, Велика Британија и во Луксембург ќе користат 20 проценти рециклирана пластика до 2022 година.

„Пепси“ проценува дека со префрлањето на 100 проценти рециклирана пластика годишно ќе се елиминираат повеќе од 70.000 тони отпаден полиетилен базиран на фосилни горива.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

На нож дочекано разрешувањето на кардиохирургот Јовев: „Не вирее професионалец овде“, „Меџити, добар ли си со глаата?!“

Разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија наиде на бурни реакции во јавноста, како од фелата, така...

Македонија5 часа

Мицкоски: Ќе дојдам на лидерска и ќе кажам не за уставни измени по бугарски диктат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата во Велес насловена како „Развојни политики за стабилна економија“ се осврна за...

Топ6 часа

МВР со информации за несреќата кај „Борис Трајковски“: повредени се две лица

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа на булеварот 8-ми Септември во близина на спортскиот центар Борис Трајковски. Според информациите...

Македонија7 часа

Останува во притвор првиот уапсен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“

Притворот на скопјанецот осомничен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“ е продолжен на 30 дена. Од Обвинителството за...

Македонија9 часа

(Видео) Функционерите во хотел, фракционерите под шатор на дожд – две роденденски прослави на ДУИ

Додека функционерите за роденденот на ДУИ се собраа во хотелот „Александар палас“ во Скопје на дебатата „Европски фронт“, фракционерите се криеја под шатор...

Регион9 часа

Пукање во Љубљана, две лица убиени, главниот град на Словенија под полициска опсада

Истрели одекнале во Љубљана околу 15 часот, јавува N1 Словенија. Како што соопштија од полициската управа во Љубљана, две лица...

Македонија11 часа

Меџити за разрешениот Јовев: Тој е кадар на Венко, нема да има директори што спијат, ова е само почеток

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија и предводник на тимот што...

Македонија11 часа

Силувал шестгодишно девојче, ресенец искористил можност додека жртвата си играла со неговата внука

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за...

Македонија12 часа

(Видео) Дамева против сите во Судскиот совет: Ниту треба ниту сум морала да знам за судските постапки на мојот сопруг, дома не разговараме за тоа

Експретседатеката на Судскиот совет, Весна Дамева, на денешната седница повторно е во центарот на вниманието на колегите, кои инсистираа да...

Македонија13 часа

(Видео) Условни казни за директорите Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот е ослободен

Ексдиректорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми се огласени за виновни за...

Македонија14 часа

(Видео) Нови циркуси во Судскиот совет – хајки, нервоза, довикувања и расправии

Нови расправии и обвинувања во Судскиот совет. Точка на дневен ред е судирот на интереси на експретседателката Весна Дамева за...

Македонија15 часа

Жирафата Каспер пцовисала од салмонела во скопската Зоолошка градина

Жирафата Каспер пцовисала од инфекција со салмонела, дознава „Макфакс“. Според патохистолошката анализа до која дојдовме, Факултетот за ветеринарна медицина констатирал...

Свет17 часа

Гори енергетска централа во Белгород, дрон фрлил бомба, тврди руски гувернер

Гувернерот на рускиот град Белгород соопшти дека во тој регион избувнал пожар во енергетска централа. Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белгород,...

Вести17 часа

Србите десетти ден околу општинските згради во Косово, ситуацијата не се смирува

И денеска Србите се собираат во близина на зградите на локалната самоуправа на северот од Косово, каде што се спречени...

Свет17 часа

Русија тврди дека спречила голема украинска офанзива: „Се обидоа да навлезат таму каде што сме најранливи“

Руските воени власти соопштија дека спречиле голема украинска офанзива во регионот Донецк. „Целта на непријателот беше да ја пробие нашата...

Вести17 часа

Детали за драмата на небото над Вашингтон: пилотот на „цесна“ не реагирал, подигнати воени авиони, го пробиле звучниот ѕид за време на потерата

Воздухопловните сили на САД ги активираа борбените авиони „Ф16,“ за да го гонат лесниот патнички авион „цесна“, кој го наруши...

Македонија17 часа

21 година постоење – ДУИ и фракцијата со одделни прослави

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одбележува 21 година од своето основање. Од раководството на ДУИ соопштија дека организирале панел-дискусија...

Свет1 ден

(Видео) Илјадници Полјаци излегоа на улица во Варшава на протест против власта

Илјадници Полјаци од целата земја се собраа во Варшава на голем марш на покана на лидерот на опозицијата и поранешен...

Македонија1 ден

Сопственикот на „ДоказМ“ однесен во „Идризово“, сајтот исклучен, доменот сѐ уште во негова сопственост

Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ намалената затворска казна, започна да ја издржува во затворот „Идризово“. Истовремено, се уште не е спроведена...

Македонија1 ден

Денови се бројат до одлуката на Врховен дали аболициите од Иванов ќе важат

Иднината на аболициите дадени од експретреседателот Ѓорѓе Иванов ќе се знае пред почетокот на судската ферија, а до крајот на...