Забава
Раздвоени восочните фигури на Анџелина Џоли и Бред Пит во „Мадам Тисо“

Музејот на восочни фигури во Лондон „Мадам Тисо“ во среда соопшти дека ги раздвоил восочните фигури на американските актери Анџелина Џоли и Бред Пит, откако холивудската двојка соопшти дека се разделува.
„Реагиравме брзо на вчерашната вест за разделбата на Анџелина Џоли и Бред Пит и нивниот план да го прикажат разводот како атракција“, изјави портпаролката на музејот.Восочните фигури на Џоли и Пит, кои беа поставени во 2013 година, сега се на пристојна оддалеченост една од друга. Џоли сега и прави друштво на Никол Кидман, додека Пит е покрај својот колега, со кој глумел во неколку наврати, Морган Фримен.Адвокатот на Анџелина Џоли во вторникот соопшти дека таа поднела барање за развод од бракот со Пит. Таа побара целосно физичко старателство над нивните шест деца со право Пит да ги посетува. Извори блиски до актерот брифираат дека Пит нема така лесно да се откаже од децата и дека ќе се бори зa нив. Двојката стапи во брак пред две години, а претходно беа заедно десет години. Имаат шест деца, три биолошки и три посвоени./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Крај на ретроградниот Меркур: Овие четири знаци во септември ќе блеснат

По неколкунеделна конфузија, недоразбирања и застои, ретроградниот Меркур конечно заврши. Според астролозите, ова ќе донесе олеснување за сите, но за четири хороскопски знаци септември ќе биде вистински процут
Девица – повторно ја враќа својата стабилност и јасност. Време е за ред, здрави рутини и завршување на заостанати проекти.
Близнаци – исчезнуваат недоразбирањата, а се враќа менталната енергија. Одличен период за комуникација, нови контакти и креативни проекти.
Јарец – со директниот Меркур доаѓа јасен фокус и нова одлучност. Идеите лесно ќе се претворат во конкретни чекори, особено во работа и финансии.
Стрелец – повторно добива енергија за планови, патувања и нови искуства. Времето на застој завршува, а пред нив се отвораат нови можности.
Астролозите велат дека ова е совршен момент за носење важни одлуки, обновување на односите и реализација на замисленото. „Маглата се крева и се отвораат врати за напредок и исполнување“, вели експертот за астрологија Џоан Џонс.
Забава
Преполн Паркот на Франкофонија синоќа за концертот „Нешто што ќе остане“

Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски, во своето обраќање пред присутните, истакна дека кога пред три години ја добил идејата за концертот „Нешто што ќе остане“, не можел да замисли дека ќе прерасне во толку голема традиција со ваков одѕив и поддршка, и од изведувачите и од граѓаните.
„Но ете, идејата прерасна во прекрасна традиција. Трета година по ред се собираме овде, во срцето на Скопје, под отворено небо, на концертот ‘Нешто што ќе остане’. Секоја година со нови изведувачи и нова енергија, но едно останува исто – македонската музика. Овде Македонија пее и ние со неа, на бината и во публиката! Македонските уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка. Тие ја претставуваат Македонија гласно, гордо и со љубов. Уживајте во музиката на нашата и вашата младост, затоа што овие моменти остануваат трајно врежани во сеќавањата. Се гледаме и следната година на ‘Нешто што ќе остане’, затоа што Македонија има свој глас, своја песна, затоа што македонската песна е силата што нè обединува“, рече Герасимовски.
Музичкиот настан „Нешто што ќе остане“ е во организација на Општина Центар.
Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.